1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцината на Бионтек и Фајзер на пат да добие дозвола во САД

Рајнхард Клебер
11 декември 2020

Експертска комисија на американската агенција за лекови ФДА препорача итна дозвола за вакцината на Бионтек и Фајзер.

USA Sitz der FDA (US-Behörde für Lebens- und Arzneimittel)
Фотографија: Jacquelyn Martin/dpa/picture alliance

Независна советодавна комисија за вакцини на американската агенција за лекови ФДА на јавна видео-конференција со јасно мнозинство гласаше „за“ дозвола за вакцината на Бионтек и Фајзер во САД. На виртуелната средба 17 експерти се изјаснија за издавање итна дозвола, додека четворица беа против, а еден беше воздржан. Докажанитепредности на вакцината преовладуваат над ризиците кај пациентите на возраст над 16 години, сметаат експертите. Конечна одлука треба да издаде ФДА.

Во најголемиот број случаи, ФДА ги следи препораките на експертите. Се смета дека агенцијата за лекови би можела да издаде дозвола во текот на наредните денови.

Во средата американското Министерство за здравство соопшти дека сака да ја применува вакцината во болниците и стречките домови веќе од наредната недела. Велика Британија пред два дена почна со масовно вакцинирање со вакцината на Бионтек и Фајзер. Дозволи за вакцината издадоа и Бахреин и Канада.

Европската агенција за лекови ЕМА има намера да заврши со проверки на вакцината до 29 декември. Според истражувањата релевантни за издавање дозвола, вакцината покажала заштита од Ковид-19 од 95%.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми