1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Коронавирус: Серана - вакцинираниот град во Бразил

3 март 2021

Град со 45.000 жители во Бразил станува првата светска корона-лабораторија. Научен институт врши вакцинација на речиси целиот град.

Brasilien Serrana Covid-19 Impfung
Фотографија: Andre Penner/AP/picture alliance

Ќе се сеќаваме на Вухан сигурно, градот во кој изби пандемијата на коронавирус; Бергамо и Њујорк веројатно, можеби Манаус, градови кои најтешко страдаа поради вирусот, но кој град по неколку години ќе важи како клучен за победа над Ковид-19?

Можеби Серана, мал град 300 километри оддалечен од метрополата Сао Паоло, во кој се наоѓа една од најголемите постројки во Бразил за добивање шеќер и алкохол, а чие име дури и некои Бразилци не го чуле никогаш во животот. Но, тоа може наскоро да се смени.

Она што од пред една недела се случува таму, може да значи огромен чекор напред за истражувањата против корона во светот. Серана започна речиси целиот град да го вакцинира со кинеската вакцина Коронавак.

30.000 луѓе на возраст над 18 години треба на доброволна база да земат учество во проектот на векот. Ако сѐ помине добро, светот по три месеци ќе знае дали вирусот преживеал по масовната, речиси комплетна вакцинација, во еден град.

Градоначалникот како иницијатор за учество во „Проектот С“

Да се реализира воопшто еден ваков проект, потребен е еден претприемлив градоначалник, како Леонардо Капители, дете на градот кого сите во Серана го викаат по име – Лео. 38-годишникот е само неколку недели на функцијата, во ноември однесе тесна победа со 600 гласови предност на изборите за градоначалник.

Татко на две деца, тој на луѓето сака да им покаже дека донесле правилна одлука. Секој ден неуморно агитира кај жителите за „проектот С“, во лични разговори, преу медиуми, видео пораки на сите социјални мрежи. Името е „Проект С“, зашто на почеток бил таен („segredo"), а сега го носи името на градот – Серана.

Леонардо Капители победи тесно на изборите за градоначалникФотографија: Léo Capitelli

„Како претставник на народот, среќен сум и неизмерно горд што можам да бидам дел од историски проект и истовремено да се погрижам да се вакцинираат и заштитат сите жители на Серана, ние сме пионери во овој научен проект, ѝ служиме на науката“, вели тој.

Поделба во четири зони, жителите се согласни

Капители ја раширил картата на Серана на масата и заедно со научниците, со фломастери во бои, го поделил градот на четири зони. Зелениот сектор се вакцинира прв, сега стартува жолтиот сектор, потоа сивиот и на крајот- синиот. По завршувањето на првиот циклус, луѓето од зелената зона почнуваат со примање на втора доза вакцина.

Значи, масовната вакцинација ќе трае два месеца, а веќе сега градоначалникот констатира – луѓето со елан го прифаќаат проектот. „Луѓето се одушевени, пресреќни да се заштитат себеси и своите фамилии".

Ковид-19 во Бразил: Плажите полни, болниците преполни

01:16

This browser does not support the video element.

Зошто токму Серана? Зошто еден град во Бразил? Токму во земја каде претседателот постојано ја потценува борбата против Ковид-19, споредувајќи ја болеста со мал грип или настинка?

Како изборот падна врз Серана

Рикардо Палациос го знае ова прашање, го одговорил којзнае колку пати откако светските медиуми се втурнаа врз „Проектот С“. „Ние научниците работиме со ист интензитет како и во сите други земји, зашто тоа е наша обврска, но секако би сакале поголема поддршка од владата. Научната експертиза треба да помага во владините одлуки, но за жал кај нас не е така“, вели Палациос.

Палациос е директор за клинички истражувања во Институтот Бутантан во Сао Паоло, еден од најреномираните научни институти во Бразил, кој раководи со студијата. Кога го прашале дали би прифатил да го води „Проектот С“, научникот не размислувал долго. „Да се преземе и води еден ваков проект е несекојдневна шанса за еден научник“.

Бразил – лабораторија за тестирање вакцини против коронавирус

Фотографија на денот: Вакцинирање во Бразил

СЗО: Постигнување колективен имунитет преку инфекции е „неетички“

Тоа што изборот паднал врз Серана има едноставна причина: градот лани спаѓаше во жариштата на коронавирус, пет проценти од населението се инфицираа по кластерот во еден дом за нега.

Освен тоа Серана нуди и други мотиви за идеални истражувачки услови. „Градот има прегледна големина, локалните власти нѐ поддржуваат без задршка, а одговорот на жителите е позитивен“, вели Палациос.

По Серана ќе се знае - остварлив ли е имунитет на стадо?

Натамошен плус е компетентен научен тим на лице место, во кој спаѓа и Марио Боргес, директор на државната болница во Серана. Тој е убеден дека веќе по три месеци ќе има резултати на кои кои цел свет чека со огромен интерес.

„Проектот трае вкупно една година, но по 12 или 13 недели ќе ги имаме првите релевантни резултати. Ќе можеме да кажеме како дејствува вакцината врз ширењето на вирусот и каков е нејзиниот придонес во редуцирањето на тешки форми на Ковид-19 и смртноста.“

А дотогаш се врши вакцинирање. Покрај малолетните, исклучени се само уште бремените жени, мајките кои дојат и лица кои кратко пред вакцинирањето имале температура. Боргес одвај може да дочека до мај: „Сите градови во светот тогаш ќе знаат дали може да се очекува имунитет на стадо по масовна вакцинација, до денес тоа никој не го знае.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми