Четирипати повеќе Белгијци отколку Бугари досега биле вакцинирани против Ковид-19. Кампањата за вакцинација во ЕУ не се одвива најдобро и не нуди заштита за сите. Но, Германија е над просекот на ЕУ.
Реклама
Белгијците се можеби елиминирани од Европското првенство во фудбал, но затоа тие се европски прваци во една друга дисциплина - вакцинирање против Ковид-19. Белгија е водечка држава во ЕУ според стапката на вакцинирање, со 77,7 отсто од возрасното население кое досега ја примило првата доза. Министерот за здравство на Северна Фландрија, Вутер Беке, со гордост ги претставува најновите статистики на својата Фејсбук страница. Фландрија дури има и подобри резултати од остатокот од Белгија. Беке пресметал дека сите жители во неговиот регион, односно 100 насто од оние кои сакаат да се вакцинираат, треба да добијат прва вакцина до околу 11 јули.
Бугарија на дното на листата
Сликата во Бугарија е целосно поинаква. Најсиромашната земја во ЕУ на Црното Море може да се пофали со стапка на вакцинација од само 16,8 отсто. Оваа огромна празнина може да се објасни со фактот дека многу Бугари одбиваат да се вакцинираат. Земјата има огромни проблеми со организирање на кампањата за вакцинација и со добивање на вакцини. Бугарија на почетокот се потпираше само на АстраЗенека, која, меѓутоа, имаше големи проблеми со испораката во Европа.
Главниот здравствен инспектор во Бугарија, Ангел Кунчев, ги повикува своите сонародници да се вакцинираат. Одредувањето на приоритети е укинато. Секој може да добие прва доза, под услов Центрите за вакцинација да се снабдени со вакцини.
„Делта варијантата ќе поттикне нов бран до крајот на септември, освен ако некоја друга варијанта не биде побрза“, предвидува Кунчев за порталот „Еурактив“. Бугарија е тешко погодена со короната. Ако се земе предвид вкупната стапка на смртност од заболените која е 4 насто, Бугарија, според информациите на Универзитетот Џон Хопкинс, е меѓу лидерите во ЕУ.
Познатите личности сега го креваат својот глас против тромата кампања на вакцинирање. Популарната оперска пејачка Александрина Пендачеанска, треба да учествува во промотивната кампања со која треба да се зголеми подготвеноста на граѓаните за вакцинација. Таа му припаѓа на „Социјалниот совет“ кој е составен од стручњаци, познати личности, новинари и претставници на црквата, а кои за првпат се сретнаа минатиот петок. Политичарите тоа не го можат сами, смета бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Цел на ЕУ: 70 отсто вакцинирани
Во ЕУ во просек се вакцинирани 61,4 насто од луѓето над 18 години, наведува Европската агенција за болести ЕЦДЦ во Стокхолм. Цел на претседателката на Европската комисија и лекарка, Урсула фон дер Лајен, е да се достигне границата од 70 отсто до крајот на месецот. Нејзиното мото, кое го повторуваше на последниот самит на ЕУ на крајот на јуни, гласи: „Вакцинирање, вакцинирање, вакцинирање!“.
Меѓутоа, останува нејасно како Бугарија и Романија, чија стапка на вакцинирање изнесува само 30 насто, ќе помогнат во забрзување на кампањата. „Веруваме дека до крајот на месецот ќе можат да се испорачаат доволно вакцини за да можеме да ја постигнеме целта“, вели за ДВ гласноговорникот на ЕУ, Стефан де Керсмакер. „Исклучително е важно државите членки навистина да ги вакцинираат граѓаните со вакцините кои ги добиваат.“ Тој не сакаше да ги коментира условите во одделни држави членки. Надлежната комесарка на ЕУ, Стела Кирјакидес, ќе посети некои членки за да стекне увид во проблемите на терен, најави Керсмакер. „Тогаш ќе се покаже како Европската комисија ќе може да им помогне на државите членки во постигнување на целта од 70 отсто“.
Светските лидери ги засукаа ракавите - која вакцина ја одбраа
Германската канцеларка Ангела Меркел се приклучи на растечката листа на светски лидери кои се вакцинираа против Ковид-19, таа прими АстраЗенека. Преглед на дел од државниците кои веќе се вакцинираа.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ја прими втората доза вакцина од Бионтек/Фајзер. До средината на април, според податоците на Американските центри за контрола и превенција од заразни болести, во САД најмалку 120 милиони граѓани примиле прва доза вакцина, а преку 70 милиони се целосно имунизирани.
Фотографија: Tom Brenner/REUTERS
Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така прими вакцина од Бионтек/Фајзер. Израел има на располагање милиони вакцини преку договор со Фајзер, кој предвидува давање медицински податоци на фармацевтскиот концерн за возврат. До средината на април, 53% од 9 милиони жители на Израел се имунизирани со вакцината на Бионтек/Фајзер. Израел главно ги укина рестрикциите воведени поради пандемијата.
Фотографија: Amir Cohen/REUTERS
Нарендра Моди
Индискиот премиер Нарендра Моди на 1 март бил имунизиран со вакцината Коваксин, произведена во Индија. Во земјата први на ред за вакцинација се вработените во здравството, на првата линија во борба против Ковид-19 и хронично болните. Индија во моментов е втора во светот според бројот на случаи на заболени од Ковид-19, по најновиот пораст на нови инфекции.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза од вакцината на АстраЗенека во март. Таа е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд и во моментов е во фокусот поради низа контроверзи. Неколку земји ја прекинаа нејзината употреба поради случаи на згрутчување на крвта кај вакцинирани со оваа вакцина.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Жан Кастекс
Францускиот премиер Жан Кастекс беше вакциниран со АстраЗенека во истиот ден со британскиот колега Борис Џонсон. Тој тоа го направи пред телевизиските камери, со цел да ја врати довербата во оваа вакцина кај граѓаните.
Фотографија: Thomas Coex/AP Photo/picture alliance
Скот Морисон
На австралискиот премиер Скот Морисон му беше инјектирана вакцината на Бионтек/Фајзер. Тој тврдеше овој месец дека Австралија во вакцинацијата ги надминала Германија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија. Но, сепак тој се откажа од својата цел – сите Австралијци да бидат целосно имунизирани до крајот на оваа година.
Фотографија: Mark Evans/Getty Images
Реџеп Таип Ердоган
Турскиот премиер Ердоган пред камерите се вакцинираше со кинеската вакцина Синовак во јануари. Целта на јавното вакцинирање беше да ги мотивира граѓаните да се имунизираат. Во Турција досега се дадени околу 19 милиони дози вакцини, главно Синовак, додека вакцинирањето со Бионтек/Фајзер почна на 2 април.
Фотографија: Murat Cetinmuhurdar/Presidential Press Office/REUTERS
Јок Видодо
Индонезискиот претседател Јоко Видодо ја прими вакцината Синовак. Втората доза му беше дадена на 27 јануари, настанот беше пренесуван во живо на телевизијата. Владата планира со вакцинација на 181 милион жители да заврши во следната година.
Фламанскиот министер за здравство Вутер Беке смета дека силната традиција на вакцинирање влијаела на успехот на вакцинирање во неговиот регион. Од друга стана, подготвеноста за вакцинирање во Бугарија е исклучително ниска, бидејќи 40 насто од луѓето во Бугарија сметаат дека опасноста од коронавирусот е преувеличена. Според досегашното темпо на вакцинирање, дури во пролетта 2022 година, во Бугарија би можел да биде остварен имунитетот на стадо од 70 отсто. Во Германија, пак, стапката на вакцинација е малку над просекот во ЕУ и во моментов изнесува 64,3 осто, со тоа што оваа бројка се однесува само на оние кои се вакцинирани со една вакцина.
Вакциналниот јаз треба да биде намален
На почетокот на кампањата за вакцинација, мотото на Европската комисија беше дека „сите може да биде безбедни, само ако има сите имаат еднаков пристап до вакцините“. Ова важи и за земјите надвор од ЕУ, но секако уште повеќе за земјите во ЕУ, меѓу кои има голем проток на луѓе. „Треба да напредуваме со вакцинацијата, за да се заштитиме“, рече Урсула фон дер Лајен минатиот петок. Некои експерти, сепак, предупредуваат дека имунитетот на стадото во ЕУ не може да се постигне со 70 проценти вакцинирани возрасни граѓани. Поради сојот Делта, кој се смета за позаразен, таа стапката всушност би требало да изнесува околу 85 проценти, вели Лајф Ерик Зандер, шеф на одделот за истражување на вакцини во берлинската болница „Шарите“.
За да се зголеми подготвеноста за вакцинација не само во Бугарија, туку и во Шпанија, Франција и во Германија, мора да се потпреме на фактите, односно на искрените и точни информации, вели портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант. „Ова е многу важно за градење на довербата“, додаде таа, повикувајќи ги сите национални влади на земјите членки на ЕУ да учествуваат во информативната кампања. Грција (со стапка на вакцинација од 54 проценти), на пример, се нуди финансиски стимулации во својата кампања. Младите кои ќе се вакцинираат, добиваат ваучер вреден 150 евра.
Прошетка во Русија и вакцинирање
02:17
Бугарија, со крајбрежјето на Црното Море, е популарна дестинација за одмор на руските туристи. Во Русија има голем број на заразени лица. Постои зголемена загриженост дека варијантата Делта од „Златните песоци“ близу Варна може да премине и да се рашири низ ЕУ. Бугарија прима не само туристи кои биле вакцинирани со четирите вакцини одобрени од ЕУ, туку и оние кои примиле кинеска или руска вакцина. Бидејќи Светската здравствена организација (СЗО) ја нема одобрено руската вакцина Спутник V, Бугарија тука ги прекршува правилата на ЕУ. Грција, која исто така им дозволува на Русите вакцинирани со Спутник V да влезат во земјата, сега дополнително бара од нив и негативен тест на коронавирусот.