Дали државата смее и натаму да ги ограничува луѓето со целосна вакцинација против коронавирусот, онаму каде што тоа не е неопходно, прашува Кристоф Штрак.
Реклама
Во истиот момент кога започна дискусијата за ограничувањата на целосно вакцинираните лица, започна и контрадебатата: Дали државата може да ги дискриминира невакцинираните лица? Спорот е во сржта на демонстрациите и протестите на противниците за вакцинацијата. И станува сѐ пожесток.
Притоа одговорот е јасен: државата не смее и натаму да ги ограничува основните права на целосно вакцинираните, повеќе од неопходно. Станува збор за основни права, а не за привилегии.
И од одреден момент, кога секој би имал пристап до вакцинација, таа може да им наметне мерки на оние кои одбиваат да се вакцинираат во смисла на одредби за заштита од вирусот на целокупното општество. Притоа државата, се разбира, мора да им овозможи начини за учество во процесот на малолетниците кои (сè уште) не можат да бидат вакцинирани и на тој начин да бидат заштитени (и така да ја исполни својата обврска за заштита од вирусот, на пример, со брзо инсталирање на филтри за воздух во училишните згради, нешто во што германските сојузни покраини досега потфрлаат како надлежни органи). Истото важи и за возрасните за кои заштитата преку вакцинација не е возможна од медицински причини.
Меѓународната споредба
Тоа е тема што станува предизвик насекаде во светот. Франција и Италија работат на упатства за вакцинирани и за невакцинирани лица, во САД имунологот Ентони Фаучи веќе зборува за заканувачкиот нов бран коронавирусот со до 4.000 смртни случаи на ден и предупредува на „пандемија на невакцинираните“ - затоа што премалку луѓе во земјата се вакцинирани.
Значи, станува збор за слободи во смисла на основните права - и станува збор за нужни обѕири. Ова е особено видливо во растечкиот број на земји кои дискутираат или веќе имаат утврдено задолжително вакцинирање на медицинскиот персонал, како на пример Италија и Франција, Англија, Унгарија и Грција. Фактот дека бројот на медицински сестри и негувателки во Германија кои сè уште не се вакцинирани е голем, односно преголем, токму онаму каде десничарските популисти и теоретичарите на заговор се особено силни, сугерира нешто за мотивите на многу критичари.
Мерките за медицинскиот персонал ја покажуваат нераскинливата взаемност. Станува збор за неопходната блискост до луѓето, особено до загрозените луѓе. Токму затоа, вакцинирањето со право уште рано започна за вработените во клиниките и во домовите за стари лица.
Правна дилема
Веќе има предлози за тоа како би можело да изгледа разликувањето меѓу вакцинирани и невакцинирани лица во високото образование. Вакцинираните лица би можеле да ги следат таканаречените хибридни настани на лице место, невакцинирани лица преку интернет. Двете групи така би учествувале на предавањето. И еднаков третман тука не е императив. Зошто да не?
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Во сето ова, една работа е јасна: државата не може да забрани никому да учествува во општествениот живот. Сепак, во пандемијата, во рамките на непоходноста, таа можеше да ги наметне сите обврски: носење маски при купување или во локалниот јавен превоз. Таквите одредби потоа можат да важат за секого.
Сепак, до државна задолжителна вакцинација, правно гледано тоа би бил долг и, како и секогаш при правни спорови, непрегледен пат. Меѓутоа, приватниот сектор може да дејствува поконсеквентно: Секој организатор на концерт, секој ресторан, секој хотел, секој забавен парк може најнапред - сè додека не настапува со монополски намери - да се потпре на вакцинациите и на сертификатот за вакцинација. Во случај на сомневање, судовите веројатно ќе треба да го разјаснат ова. Но, никој не може да го обврзе сопственикот на ресторан да ги служи невакцинираните луѓе во затворена просторија.
Етичко прашање?
Секој што ја преместува вакцинацијата во областа на самоволието, го игнорира сеќавањето на многу сериозните фази на пандемијата: од преоптоварувањето на здравствените системи во многу земји па сѐ до колапсот на структурите, очекуваните ефекти врз помладата генерација, која некои веќе ја нарекоа „изгубена генерација“, како и растечките социјални и економски аномалии.
Едно е јасно - сето ова зборува во прилог на етичка задолжителна вакцинација. Политичарите понекогаш зборуваат премногу и пребрзо за да направат разлика помеѓу оваа етичка и законската задолжителна вакцинација или да им овозможат на другите да направат разлика. Засега ќе може да се оправда и етички доколку вакцинираните лица се третираат послободно во делови од општествениот живот.