Вакцина против короната: „Наскоро почнуваат првите тестови“
Хенрик Беме
25 март 2020
Фармацевтските компании ширум светот се во потрага по вакцина против коронавирусот. Така е и во Германија, каде меѓу другото, надежи се полагаат и врз биотехнолошката фирма CureVac.
Реклама
Мнозински акционер во CureVacе Диевини Хоп Био Тех Холдинг на милијардерот и основач на САП, Дитмар Хоп. Тој во интервју за „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“ изјави дека ако се’ оди како што треба, вакцината би можела да биде ставена на располагањенаесен.Дојче веле за детали се распраша кај Фридрих фон Болен, биохемичар и раководител во Диевини Хоп Био Тех Холдинг, како и член на надзорниот одбор на CureVac.
Дојче веле: Господине Фон Болен, во светот има трка околу вакцината против коронавирусот. Вие со вашата фирма сте на врвот. Како напредувате?
Фридрих фон Болен: Прво, мора да се сфати што се’ се случува. Вакцините се единствената можност за заштита на луѓето од инфекцијата. Потоа, може да се создадат лекови за пациентите кои веќе се болни. И во тој дел се одвиваат активности. И, во меѓувреме, се сфати дека агресивната форма на овој Ковид-19 може да доведе до тешко воспаление на белите дробови. Со развојот на други лекови се прават обиди да се стави под контрола тоа воспаление и со тоа да им се помогне на тешко погодените пациенти. Вакцината, се разбира, би била најдоброто нешто. Тука има различни активности. Ние се обидуваме за вакцината како извор на информации да ја искористиме т.н. mRNA (информациска рибонуклеинска киселина, н.з.). Наскоро можеме да почнеме со клинички тестирања. Мислам дека се работи за многу добар состав на супстанции со кој може да се направи добра вакцина.
Велите наскоро. Можете ли да бидете малку попрецизини? Многу луѓе често се прашуваат уште колку долго ќе траат ограничувањата на движењето. Каков е Вашиот временски план?
Јас не сум производител и работите зависат од многу фактори кои се надвор од моите сознанија. Веројатно, што се однесува до лековите, се’ ќе потрае уште неколку месеци. Што се однесува до вакцината, односно до нејзината достапност, исто така се потребни неколку месеци. Во врска содозволата за вакцинирање, кај вакцините може да зборуваме повеќе за период од околу една година.
Колку Вашата компанија, на пример, може да произведе од овие вакцини?
Во врска со вакцината денес е голема непознаница колку им е потребна имунолошка заштита на луѓето за навистина да се спречи инфекција. Тоа не може однапред да се предвиди или да се тестира врз луѓе неконтролирано. Затоа чекорите кои водат до таму се прецизирани од страна на регулаторите. Тоа мора да биде така, зашто мора да се заштитат и лицата кои доброволно се пријавуваат за тестирање. Едноставно, неопходно е извесно време додека се стигне до тие сознанија. Тој процес може само делумно да се забрза. Што се однесува до достапноста на вакцината, mRNA има голема предност. На пример, од едно друго испитување во CureVac на вакцина против беснило знаеме дека со само еден микрограм можеме целосно да го заштитиме човекот. Тоа значи дека со само еден грам mRNA би можело да се вакцинираат еден милион луѓе.
Алтернативни поздрави во време на пандемија
За да го намалат ризикот од заразување со новиот коронавирус, луѓето ширум светот ги менуваат навиките за поздравување. Можеби ќе ве инспирира некоја од овие културни навики.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Manzo
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Drew
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Obama Foundation
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
Фотографија: Reuters
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
Фотографија: Colourbox
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
Фотографија: Reuters/K. Doherty
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/J. Kurtz
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/Kyodo
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
Фотографија: DW/S. Bartlick
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.
Фотографија: picture-alliance/PhotoAlto/E. Audras
12 фотографии1 | 12
Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место
За споредба: кога станува збор за конвенционалните лекови честопати се потребни 500 милиграми супстанција, односно со еден грам може да се произведат само две порции. mRNA е многу потентна, со малку материјал може да се постигне добра заштита. Тоа значи дека материјалот може за кратко време да биде ставен на располагање. Мислам дека во втората половина од годинава би можеле да имаме доволно материјал, но не знам дали тогаш ќе има и дозвола.
Фридрих фон Болен заедно со Дитмар Хоп и Кристоф Хетих е основач наdievini Hopp BioTech Holding GmbH & Co KG.Тој студирал биохемија на Универзитетот Цирих и докторирал невробиологија на Вишата технишка школа во Цирих (ЕТH).