1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцина против корона: Ќе извиси ли југот?

Александер Гебел
7 декември 2020

ЕУ договори набавка на милијарди дози вакцини против корона. Ќе се мисли не само на членките, туку и на сиромашните земји, вели ЕК. Критичарите тврдат - и ЕУ ги поткопува шансите за праведна распределба на вакцината.

Deutschland Ciovid-19 Impfstoff von BionTech
Фотографија: Laci Perenyi/picture alliance

Пристап до вакцини за сите земји, по ниски цени или бесплатно – ова барање е испратено од првиот специјален самит на ОН за борба против корона-пандемијата. Тоа си го има зацртано и Европската унија.

„Европа ја подава својата рака за да помогне“, категорична е претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен.

Таа нагласи дека Европа помогнала да се воспостави и активира глобалната платформа Ковакс за распределба на вакцините. За таа цел ЕУ обедини 186 влади, организации, компании и филантропи. Тие заедно ќе осигураат „милиони дози вакцини за сиромашните земји“, додава Фон Дер Лајен.

Само ЕУ ја поддржува Ковакс-платформата со околу 800 милиони евра. Сепак, до декември може да се обезбедат вакцини за само 200 милиони луѓе. Со оглед на големите побарувања на ЕУ, ова е само капка во морето, критикува организацијата Лекари без граници. Ковакс е недоволно финансирана и зависна е од доброволни прилози, а богатите партнери, вклучени во оваа иницијатива, веќе ги откупија вакцините.

Повеќе: 

Вакцина за Ковид-19 пристигнува по Нова Година, кој прв ќе може да се вакцинира?

Вакцинација против коронавирус во ЕУ - од јануари

Итна дозвола за вакцината на Бионтек и Фајзер во Велика Британија

И Европската унија со преддоговори осигура набавка на две милијарди дози вакцини. Европарламентарецот и лекар, Петер Лизе од ЦДУ, смета дека ова е сосема во духот на Ковакс.

„На овој начин сигурно ќе се создаде можност Европа да им даде нешто и на другите“, смета Лизе. Тој во ова гледа шанса бидејќи „договорите кои Европската комисија ги склучи со производителите на вакцини, вклучуваат и клаузули дека тие може да им се дадат и на трети земји – бесплатно, или за мал надомест.“

Фотографија: Iliya Pitalev/dpa/Sputnik/picture alliance

Но со овој пристап на кој се заснова Ковакс-иницијативата, само ќе се зацементира зависноста на земјите во развој од ЕУ, критикува Ане Јунг, од невладината организација за заштита на човекови права, Медико интернешнал. Таа додава дека вака „нема да може да го решиме ова принципиелно прашање за праведна распределба на вакцината”.

Карина Тојрер од Европскиот центар за уставни и човекови права смета дека е попаметно сиромашните земји самите да може да произведуваат вакцина и да не зависат од добрата волја или од донатори. „Правото на здравје, особено кај вакцини од витално значење, може да добие толкава тежина, што вакцините ќе станат глобално општествено добро“, вели Тојрер.

Таа посочува на правото на интелектуална сопственост кодифицирано во договорот ТРИПС на Светската трговска организација. Во случај на здравствени вонредни услови може да се ограничат патентните права, на пример со присилна лиценца.

Глобалната правда во вакцинирањето можела да се постигне многу подобро на друг начин, вели Ане Јунг од Медико интернешнл.

„Индија и Јужна Африја на пример, како две силно погодени држави од Ковид, побараа патентните права барем до сузбивање на пандемијата да се стават вон сила”.

Повеќе: 

Корона-вакцина за помалку од едно евро

Германија има посебна стратегија за вакцинирање против корона

Со таков исклучок би било генерално можно вакцини да се произведуваат децентрализирано и на повеќе локации во светот. ЕУ би морала да се откаже од блокирањето, бара пратеничката од редовите на Зелените, Јута Паулус.

„Никој не е заштитен додека не е заштитен секој еден. Би сакале малку повеќе глобална солидарност во ЕУ!”, нагласува Паулус.

ЕУ има прилика уште пред Божик да ја промени својата стратегија: кон средината на месецов Светската трговска организација ќе го разгледува прашањето за патентните права во однос на лекови од витално значење.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми