1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нов бран на Ковид-19 е сѐ поизвесен

ДТЗ
2 август 2021

Македонските епидемиолози најавуваат нов бран најверојатно на средината на август. Според надлежните, вакцинацијата е единствен начин да се стави крај на пандемијата.

Nord Mazedonien Corona Impfung ohne Termin in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Последниве неколку недели расте бројот на заразени со Ковид-19 во Северна Македонија. За разлика од пред еден месец, кога имаше денови со по неколку нови случаи, во екот на летнатата сезона и одморите, бројките постојано се двоцифрени и стигнаа до 81 случај во саботата, и 72 новозаразени во првиот ден од август. Во изминатото деноноќие се регистрирани 54 нови случаи на коронавирус од направени 3.087 тестирања, а почина и едно лице од Тетово на возраст од 77 години. Најмногу нови случаи се регистрирани во Тетово – 32, во Скопје 13, Дебар – 4, Гостивар и Валандово по 2 и Кичево 1. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 156.506, бројот на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.

-повеќе на темата: Мирно лето само со масовно вакцинирање

Нов бран на коронавирус, кој не одбегна многу европски земји, е сѐ поизвесен во земјата. Македонските епидемиолози најавуваат нов бран најверојатно на средината на август. „Само од нас зависи дали ќе го пречекаме новиот бран вакцинирани во што поголем процент, ќе го ублажиме и ќе спасиме човечки животи. Барам максимална одговорност, но пред сѐ поддршка и вклученост. Ширете ја пораката дека вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата. Разговарајте и убедете ги оние кои сѐ уште се двоумат затоа што веќе е научно докажано и проверено - вакцините функционираат. Тие се безбедни и спречуваат хоспитализација или смрт од Ковид“, порача деновиве министерот за здравство, Венко Филипче. 

Според надлежните, вакцинацијата е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Секој граѓанин кој не е имунизиран го изложува на ризик своето, но и здравјето на останатите. „За да се спречи враќањето на рестриктивните мерки и да се врати нормалното секојдневие, важно e секој од нас да даде свој придонес и да се вакцинира“, апелираат здравствените работници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми