1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: до крајот на април речиси 20 милиони дози вакцини

ЖА / агенции
24 март 2021

Германската влада, по бавниот почеток на вакцинацијата во декември, во април очекува голем пораст на пратки вакцини од производителите.

Slowenien | Coronavirus | Impfstoffe
Фотографија: Luka DakskoblerSOPA Images/ZUMA/dpa/picture alliance

По бавниот старт, во април германскиот министер за здравство Јенс Шпан очекува пратка од речиси 20 милиони дози вакцина против коронавирус. Тоа произлегува од доверлив документ испратен во понеделникот, до кој дошла новинската агенција Ројтерс. Според него, неделното лиферувано количество од Бионтек/Фајзер од 5 април ќе се зголеми на 2.515.500 дози, по натамошните 1.368.900 дози од оваа недела. Покрај тоа, од идната недела може да се смета на пристигнување на 1,7 милиони дози вакцини од Модерна до крајот на април. Во истиот временски период од АстраЗенека се очекуваат 4.587.200 дози.

Во вториот квартал, произлегува од документот, Министерстото за здравство очекува да стигнат најмалку 70,5 милиони дози вакцини– дел од нив е пратка од 10 милиони од Џонсон и Џонсон.

Германската канцеларка вчера попладнето на седница на пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) истакнала: „Вакцинирањето е излезот од кризата. Веќе во втората половина од април ќе дојдат денови кога матичните лекари ќе добиваат на располагање повеќе вакцини отколку Центрите за имунизација. Се гледа светло на крајот на тунелот', истакнала Меркел. Но, канцеларката истовремено предупредила дека вакцинацијата може да донесе успех само ако бројот на нови инфекции се држи на ниско ниво.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми