1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кавгата за вакцините се разгорува уште повеќе

Барбара Везел
12 март 2021

ЕУ и самата нема доволно вакцини, па сепак извезе 34 милиони дози во светот, меѓу другото и во Велика Британија. Истовремено, европратениците ја обвинуваат Велика Британија дека спречува извоз на вакцини на АстраЗенека.

Deutschland Impfbeginn Sachsen-Anhalt Pflegeheim
Фотографија: Matthias Bein/dpa/picture alliance

Конфликтот помеѓу ЕУ и Велика Британија се разгоре на викендот: во отворено писмо претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, зборува за британска „забрана за извоз“ на вакцини. Британската влада веднаш демантираше и тврди дека таква забрана не постои. Премиерот Борис Џонсон во средата, во текот на пратеничките прашања во британскиот парламент, уште еднаш со огорченост ги отфрли обвинувањата. Атмосферата, која е и онака затруена поради проблемите со протоколот за Северна Ирска од Брегзит-договорот, сега е уште потензична.

Лондон си ги чува вакцините

Лондон е горд што во меѓувреме веќе 23 милиони Британци се вакцинирани против Ковид - тоа е повисок број отколку каде било на друго место во Европа. Се чини како на островот да немаше недостиг на вакцини, а за тоа придонесе и ЕУ - таа сега соопшти дека и покрај недоволното количество вакцини во земјите членки на Унијата, таа на Велика Британија ѝ доставила девет милиони дози од европско производство.

ПовеќеРусија има уште две вакцини– што се знае досега за нив?

Во меѓувреме, фармацевтскиот концерн АстраЗенека ја извести ЕУ дека ќе може да исполни само 40% од своите обврски од договорот за доставување вакцини. Вакцината на АстраЗенека се произведува и во Велика Британија, од каде, како што вели ЕУ, не се извезувала. Концернот им давал предност на обврските од британскиот договор. На тој начин е роден изразот „забрана за извоз“.

Британскиот премиер Борис Џонсон со ампула од АстраЗенекаФотографија: Geoff Caddick/REUTERS

Двете страни се расправаат околу овие испораки уште од јануари и, за разлика од британското прикажување на работите, ЕУ тврди дека договорите со фармацевтскиот концерн содржат еднакви обврски и се такаречи истовремено склучени. Има ли значи некаков специјален договор помеѓу фамацевтскиот концерн, кој е мнозински во рацете на Британците, и британската влада?

ЕУ извезува вакцини ширум светот

АстраЗенека се противи на испорака на вакцини произведени во Велика Британија, вели европратеникот Петер Лизе: „Ако Европа извезува во светот, а сите останати си мислат само на себе, тогаш од работата нема ништо.“ Европската комсија во меѓувреме соопшти дека од јануари во 31 земја во светот се испорачани 34 милиони дози од европско производство.

За тоа време во многу европски земји процесот на вакцинирање оди бавно и има поплаки поради недоволно вакцини. Фармацевтскиот експерт Лизе бара целосна забрана за извоз на вакцини од страна на ЕУ, што, според правилата на Светската трговска организација, било можно: „Бионтек/Фајзер, чија вакцина се извезува наголемо, ги исполнува своите ибврски кон ЕУ, но сепак оваа опција треба сериозно да се разгледа. Најважната, оправдана критика на сметка на Европската комисија е што предоцна го активираше механизмот за контрола на извозот.“

Повеќе:

Вакцина-трилер во Брисел: што е следно меѓу ЕУ и АстраЗенека?

Европската комисија сега соопшти дека механизмот за контрола на извозот на вакцини против Ковид-19 ќе биде продолжен до јуни. Тој беше воведен на крајот на јануари, кога започна кавгата со Велика Британија околу исполнувањето на договорот од страна на АстраЗенека. Правилото би требало да послужи само за ЕУ да има преглед колку вакцини од нејзина територија се извезени во остатокот од светот. Комисијата тогаш уверуваше дека се нема намера да се блокира извозот.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

15:47

This browser does not support the video element.

Минатата недела, меѓутоа, Италија го примени правилото и забрани извоз на 250.000 дози од вакцината на АстраЗенека за Австралија. Премиерот Марио Драги тоа го образложи со критичната ситуација со пандемијата во земјата и пребавното доставување вакцини од страна на фармацевтските концерни.

Дозвола за Џонсон и Џонсон

Вчера попладне Европската агенција за лекови (ЕМА) даде дозвола и за четвртата вакцина против коронавирус на пазарот - Џонсон и Џонсон. „Тоа е уште еден важен чекор за што е можно побрзо да се обезбеди пристап до сигурна и ефикасна вакцина за сите граѓани“, објасни еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

ПовеќеЗошто вакцината на Џонсон и Џонсон е толку барана

Европската комисија има нарачано 200 милиони дози од новата вакцина, со можност за уште 200 милиони. Првата транша со 55 милиони дози, според наводи на концернот, би требало да биде испорачана до крајот на јуни. Препаратот има предност што е лесен за складирање и е потребно да се даде само една доза.

Меѓутоа, веќе има сомнежи дека концернот ќе ги исполни своите обврски. Вакцината се поризведува исклучиво во САД, каде постои забрана за извоз. Значи, Џонсон и Џонсон ќе треба прво да го опслужи американскиот пазар, а за извоз ќе бидат наменети само дозите кои ќе бидат вишок.

Транспорт на првите дози на вакцината на Џонсон и Џонсон (Кентаки, САД, 01.03.2021)Фотографија: Timothy D. Easley/Getty Images

Нуспојави кај вакцинирање со АстраЗенека?

Данска, Норвешка и Исланд во меѓувреме го запреа вакцинирањето со препаратот на АстраЗенека. Данските лекари регистрирале зачестено случаи на тромбоза по вакцинирање со овој препарат. Здравствените власти, меѓутоа, претпазливо додаваат дека не може со сигурност да се каже дали има врска помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината.

Повеќе: 

Данска, Норвешка и Исланд од „претпазливост“ ја сопреа вакцинацијата со АстраЗенека

Затоа, процесот на вакцинирање со овој препарат е запрен за период од две недели. ЕМА во Амстердам истовремено разгледува еден смртен случај во Данска: „Документацијата со која се поткрепува тврдењето дека вакцината е безбедна и ефикасна, е обемна“, нагласува шефот на данскиот здравствен институт Сорен Бростроем. Меѓутоа, надзорните органи мора да ги проверат сите нуспојави, како во Данска, така и во другите европски земји.

Два други случаи со слични нуспојави се регистрирани во Австрија, каде една жена почина од згрутчување на крвта, а друг пациент е пренесен во болница со белодробна емболија. ЕМА во меѓувреме ги истражи случаите и соопшти дека тие не се резултат на вакцинирање со препаратот на АстраЗенека. Но, како што се додава, ќе биде направена уште една детална проверка. Процесот на производство на вакцините во принцип постојано се контролира, но не се исклучува грешка во производството. Во меѓувреме употребата на вакцини од оваа производствена серија ја запреа и балтичките држави и Луксембург.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми