Додека светот се вакцинира со вакцини кои имаат добиено дозвола за употреба, научниците ги надгледуваат актуелните и работат паралелно на нови вакцини. Што сѐ се прави во лабораториите?
Реклама
Колку луѓе се досега вакцинирани?
Каква е состојбата со развојот и тестирањето на вакцините?
Научниците во моментов во клинички студии тестираат ефикасност на над 50 кандидати за вакцини.
Објаснување: Во визуелизацијата вакцините се прикажуваат како одобрени ако американската и европската агенција за лекови ФДА и ЕМА дале дозвола за нив, односно ако вакцината добила дозвола од една од овие агенции или од СЗО.
Во моментов дозвола имаат четри вакцини. Тие се развиени од:
Голем дел од кандидатите за вакцини се наоѓаат сѐ уште во предклиничка фаза, односно во фаза кога се тестираат на пример врз животни. Клиничката фаза, која следува потоа, се разликува меѓу другото по својот обем:
Во Фаза 1 вакцината се тестира врз мали групи пациенти
Во Фаза 2 вакцината се тестира на поголеми групи од најмалку 100 тест-лица, при што посебен фокус може да биде ставен на предисторијата на болести или демографски карактеристики, како возраст
Во Фаза 3 ефикасноста и безбедноста на вакцината се тестира на најмалку 1000 пациенти
Некои компании, како Бионтек и Фајзер, или Синовак, ги проверуваат вакцините паралелно со повеќе тестови, како на пример во различни старосни групи или со различни дози.
Откако клиничката фаза ќе заврши успешно, компанијата може и формално да поднесе барање за дозвола на вакцината.
Како посебно важни притоа се сметаат дозволите од три регулаторни тела: Американската агенција за лекови ФДА (Food and Drug Administration), Европската агенција за лекови ЕМА (European Medicine Agency) и јапонската медицинска агенција (Pharmaceutical and Medical Device Agency).
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Што се случува откако една вакцина ќе добие дозвола?
Дури и откако една вакцина ќе добие дозвола, тоа не значи дека веднаш може да бидат вакцинирани сите луѓе. Вакцината прво мора да се произведе во поголеми количества. Потоа логистиката мора да обезбеди распоредување на вакцината, а општествата да одговорат и на низа етички прашања, како на пример како ќе се распределува вакцината на луѓето или кој има предност при вакцинирањето.
На крајот, секој носи одлука сам - во истражување направено во летото 2020 година на 13.000 луѓе од 35 земји кои беа најсилно погодени од пандемијата, се покажа дека мнозинството ќе се вакцинира кога ќе има посигурна и поефикасна вакцина. Оттогаш, според истражување на ЈуГов од јануари 2021 година, подготвеноста за вакцинација е зголемена во некои европски земји, додека во други региони од светот не може да се препознае јасен тренд.
Светските лидери ги засукаа ракавите - која вакцина ја одбраа
Германската канцеларка Ангела Меркел се приклучи на растечката листа на светски лидери кои се вакцинираа против Ковид-19, таа прими АстраЗенека. Преглед на дел од државниците кои веќе се вакцинираа.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ја прими втората доза вакцина од Бионтек/Фајзер. До средината на април, според податоците на Американските центри за контрола и превенција од заразни болести, во САД најмалку 120 милиони граѓани примиле прва доза вакцина, а преку 70 милиони се целосно имунизирани.
Фотографија: Tom Brenner/REUTERS
Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така прими вакцина од Бионтек/Фајзер. Израел има на располагање милиони вакцини преку договор со Фајзер, кој предвидува давање медицински податоци на фармацевтскиот концерн за возврат. До средината на април, 53% од 9 милиони жители на Израел се имунизирани со вакцината на Бионтек/Фајзер. Израел главно ги укина рестрикциите воведени поради пандемијата.
Фотографија: Amir Cohen/REUTERS
Нарендра Моди
Индискиот премиер Нарендра Моди на 1 март бил имунизиран со вакцината Коваксин, произведена во Индија. Во земјата први на ред за вакцинација се вработените во здравството, на првата линија во борба против Ковид-19 и хронично болните. Индија во моментов е втора во светот според бројот на случаи на заболени од Ковид-19, по најновиот пораст на нови инфекции.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза од вакцината на АстраЗенека во март. Таа е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд и во моментов е во фокусот поради низа контроверзи. Неколку земји ја прекинаа нејзината употреба поради случаи на згрутчување на крвта кај вакцинирани со оваа вакцина.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Жан Кастекс
Францускиот премиер Жан Кастекс беше вакциниран со АстраЗенека во истиот ден со британскиот колега Борис Џонсон. Тој тоа го направи пред телевизиските камери, со цел да ја врати довербата во оваа вакцина кај граѓаните.
Фотографија: Thomas Coex/AP Photo/picture alliance
Скот Морисон
На австралискиот премиер Скот Морисон му беше инјектирана вакцината на Бионтек/Фајзер. Тој тврдеше овој месец дека Австралија во вакцинацијата ги надминала Германија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија. Но, сепак тој се откажа од својата цел – сите Австралијци да бидат целосно имунизирани до крајот на оваа година.
Фотографија: Mark Evans/Getty Images
Реџеп Таип Ердоган
Турскиот премиер Ердоган пред камерите се вакцинираше со кинеската вакцина Синовак во јануари. Целта на јавното вакцинирање беше да ги мотивира граѓаните да се имунизираат. Во Турција досега се дадени околу 19 милиони дози вакцини, главно Синовак, додека вакцинирањето со Бионтек/Фајзер почна на 2 април.
Фотографија: Murat Cetinmuhurdar/Presidential Press Office/REUTERS
Јок Видодо
Индонезискиот претседател Јоко Видодо ја прими вакцината Синовак. Втората доза му беше дадена на 27 јануари, настанот беше пренесуван во живо на телевизијата. Владата планира со вакцинација на 181 милион жители да заврши во следната година.
Во моментов научните тимови работат на 13 различни начини со цел да дојдат до вакцина против коронавирусот.
Најголемиот дел од кандидатите се протеински засновани вакцини: Наместо за вакцината да се употреби целосен патоген вирус, тие се потпираат врз дел од вирусот - во случајов врз протеин кој навлегува во обвивката на вирусот.
Овој протеин им се инјектира на пациентите во голема доза со цел да се предизвика брза и силна реакција на имунолошкиот систем, во надеж дека имунолошкиот систем во иднина ќе се „сеќава“ на протеинот и ќе започнува слично добра одбрана кога ќе дојде во контакт во вистинскиот вирус. На овој принцип функционираат вакцините против хепатитис Б или ХПВ.
Досега, во Фаза 3 се стигнати уште четири други типови на вакцини:
Нереплицирачки вирусни вектори се еден вид на т.н. рекомбинантни вакцини. Притоа научниците ја менуваат генетската информација на вирусот со тоа што исклучуваат или менуваат одредени функции. На тој начин можат на пример да ја намалат заразноста на вирусот. Предуслов за таквите генетски промени, меѓутоа, е научниците да имаат веќе точна слика за тоа кои делови од геномот на вирусот се надлежни за што, со цел да може да се прават целни манипулации. „Нереплицирачки“ значи дека вирусот ги зафаќа човечките клетки, но таму веќе не може да се размножува самостојно.
Вакцините со неактивен вирус користат „мртва“ верзија на патогенот кој ја предизвикува болеста. Тие по правило не обезбедуваат толку добар имунитет како другите вакцини, поради што мора да се добијат повеќе вакцини за да постигне добар имунитет. Примери за вакцини со неактивен вирус се оние против грип или хепатитис А.
Вакцините со РНК-пристап следат друга стратегија - не користат „вистински“ дел од вирусот. Наместо тоа, научниците во овој пристап се служат со трик - тие го доведуваат човековото тело до тоа самото да произведе одредена компонента на вирусот. Со оглед на тоа што се создава специјална компонента, од тоа не може да произлезе целосен вирус. Сепак, имунолошкиот систем научува да ја препознае таа за човекот нетипична компонента и покренува реакција на одбрана.
Вакцините од категоријата честички слични на вирусот функционираат според овој принцип: за вакцината се користи само празната обвивка на вирусот, која веќе не содржи наследни информации и на тој начин се тренира имунолошкиот систем
Кога станува збор за вакцините кои се базираат врз ДНК, на пациентите им сеинјектира геномот на вирусот за човечкото тело да почне самото да продуцира вирусни честички без да се инфицира. Врз основа на вирусните честички што самото тело ги продуцирало, имунолошкиот систем учи да го препознае вирусот и да се бори против него.
Кој работи на вакцини против коронавирус?
Во моментов на развој на вакцина против коронавирус работат над сто научни тимови ширум светот. 24 тимови се во третата фаза од развојот на вакцината. Иако дел од овие вакцини веќе имаат дозвола во некои земји, тие и натаму се истражуваат паралелно, во клинички студии.