1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Бајден врши притисок за вакцинација

Штефан Штикелман
30 јули 2021

Поради заморот од вакцинирање којшто е видлив во САД, претседателот Бајден презема нови чекори - вработените во владините институции и војниците ќе бидат први кои се подложени на „обврска за вакцинирање во лајт верзија“.

USA Impfzentren nachalssende Impfbereitschaft
Фотографија: Mario Tama/Getty Images

Американската влада со нови правила врши притисок врз милиони вработени во државните институции да се вакцинираат. Вработените кои немаат доказ за вакцинација во иднина ќе требада носат постојано маска и еднаш до двапати неделно да одат на тестирање за коронавирус, објасни американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.

Правилото важи за повеќе од два милиони цивилни соработници на владата и за вработени кај партнерите кои имаат договори со владата и работат во институции на владата. Невакцинираните соработници ќе имаат големи ограничувања и во делот на службените патувања. Белата куќа има намера со строги правила за вакцинирање да ја постигне целта, без притоа експлицитно да инсистира на политички контроверзната обврска за вакцинирање.

Бајден нагласи и дека владата ќе им дава поддршка на фирмите кои сакаат да воведат обврска за вакцинирање на своите вработени. Во средата Гугл и Фејсбукнајавија задолжително вакцинирање, а во меѓувреме тоа го стори и компанијата за превоз Убер за своите вработени во САД.

Бајден од Министерството за одбрана побарал да се провери од кога воените сили би можеле да бидат соочени со обврска за вакцинација. Пентагон веднаш соопшти дека за вработените и војниците ќе важат истите строги правила како за вработените во федералните институции. Министерството вработува три милиони луѓе, од кои околу два милиони се војници.

Вакцинирањето во САД загуби на интензитет, пред сѐ поради широко распространетата скепса во врска со вакцините. Американскиот претседател уште еднаш побара од граѓаните да се вакцинираат најбрзо што е можно, зашто во земјата пандемијата сега е претворена во „пандемија на невакцинирани“. Во околу 99% од сите смртни случаи со коронавирус се работи за лица кои не биле вакцинирани, рече Бајден, заклучувајќи: „Тоа е американска трагедија.“

Нема доволно интерес за вакцинација (фото: мобилна станица за вакцинирање во Њујорк)Фотографија: Michael M. Santiago/Getty Images

Во САД досега се целосно вакцинирани 49% од населението, а околу 57% имаат добиено барем една доза од вакцината. Податоците од Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) зборуваат дека досега не се инјектирани повеќе од 50 милиони испорачани дози во сојузните држави.

Многу сојузни држави и општини веќе имаат почнато со низа „поттици“ за зголемување на стапката на вакцинација, меѓу кои и лотарии со милионски добивки, или награда за секој што ќе се вакцинира. Градот Њујорк, на пример, на оние кои сакаат да се вакцинираат од денеска им нуди по 100 долари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми