1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Можна е препорака за трета доза од вакцините

ЕМФ | агенции
31 јули 2021

Во зависност од состојбата, можно е да се даде и препорака за трета доза од вакцините против коронавирус, изјави македонскиот министер за здравство Венко Филипче.

Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Трендот на појава на нови соеви на коронавирусот нема да запре, оценува министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска информира дека има зголемување на бројот на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него, нема притисок ниту во болниците ниту во амбулантите.

„Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја следиме состојбата. И покрај тоа што сега е прилично мирно, можно е овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, а ние интензивно ги следиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата“, вели Филипче.

Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Министерот изјави дека во овој момент не може да претпостави дали вакцината против Ковид-19 ќе биде сезонска, или ќе се дава и трета доза. Процесот на вакцинација продолжува и доколку се задржи сегашното темпо, до крајот на август треба да бидат вакцинирани 40% од населението, наведува министерот за здравство.

Повеќе:

Ковид-19 повторно зема залет – расте бројот на заразени, а има и починати

Филипче: Од 330 илјади вакцинирани, од ковид се заразиле 92 лица

Во државата досега се вкупно аплицирани 904.583 дози вакцини, а ревакцинирани се 390.562 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Досега се вкупно аплицирани 904.583 дози вакциниФотографија: Petr Stojanovski/DW

Со последните бројки. 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а најмалку една доза од вакцината добиле и 61% од населението над 65 години, 55% од населението над 60 години и 45% од населението над 50 години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми