Валонија го отфрла ултиматумот за ЦЕТА
24 октомври 2016ЕУ и Канада најверојатно денеска ќе донесат одлука дали ќе се одржи планираниот самит в четврток, односно дали ќе пропадне потпишувањето на договорот за слободна трговија ЦЕТА.Притисокот расте, но Валонија отфрла условување со датуми. „Не е можно да се одговори на ултиматумот“, рече денеска првиот човек на валонскиот парламент, Андре Антоан. Слична изјава вчера даде и валонскиот премиер Пол Мањет.
Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, ѝ даде на Белгија време до вечерва да донесе одлука за ЦЕТА. Потоа тој во телефонски разговор со канадскиот премиер Џастин Tрудо ќе реши дали ќе се одржи планираниот самит ЕУ-Канада в четврток или не.
Без Валонците не оди
На Белгија ѝ е неопходна согласност од Валонија, а на ЕУ ѝ е неопходна согласност од сите 28 членки. Со договорот ЦЕТА би требало да бидат отстранети царините и другите трговски пречки меѓу ЕУ и Канада за да се создадат работни места и да се овозможи економски пораст. Валонија стравува дека ЦЕТА ќе има негативни последици за земјоделството и дека ќе предизвика намалување на стандардите во делот на екологијата и заштитата на потрошувачите. Освен тоа, се стравува и од натпросечно зголемување на влијанието на интернационалните концерни.