1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Валтер Кол: Меркел има вина за самоубиството на мојата мајка

НД/ дв
25 февруари 2017

Синот на поранешниот канцелар Хелмут Кол изјави дека политичките акции на Меркел влијаеле за самоубиството на неговата мајка. Тој изјави дека таа се чувствувала „предадена“ поради однесувањето на Меркел.

Audioslideshow Helmut Kohl
Семеен портрет на семејството Кол.Фотографија: imago/Sven Simon

Интервјуто на Валтер Кол, најстариот син на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол беше објавено во онлајн изданието на магазинот Цајт.

„За мене“, изјави Кол, „Меркел имаше значителна улога во смртта на мојата мајка“.

Мајката на Кол, Ханелоре, изврши самоубиство во 2001 година, речиси две години откако нејзиниот сопруг – канцеларот Кол – беше инволвиран во скандалот со примање на донации во готово од непознати донатори.

Меркел, тогашен генерален секретар на ЦДУ, напиша гостинска колумна во весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг повикувајќи го Кол да открие повеќе информации за исплатите. Тоа значеше крај на нивното партнерство. Во колумната, Меркел напиша дека е крајно време ЦДУ да „научи да стои на свои нозе“ без Кол, објаснувајќи дека молкот на канцеларот за време на скандалот „предизвикал штета за партијата“.

Хелмут Кол и Ангела Меркел, 2001 година.Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Altwein

„Како искусен политичар, Меркел знаеше дека предизвикува лавина која ќе предизвика штета на нашата мајка и нашето смејство“, изјави Валтер Кол, додавајќи дека во ниту еден момент Меркел не побарала семејството на Хелмут Кол да биде изоставено од јавноста на скандалот, иако таа знаела дека Ханелоре Кол боледувала од алергија.

Подемот на Меркел

Според Валтер Кол, однесувањето на Меркел во тоа време било „нечесно“, што било уште полошо затоа што таа и неговата мајка биле пријателки.

Неговата мајка станала „непожелна личност. За неа тоа беше многу тешко затоа што таа се чувствуваше предадена од Меркел“.

Во интервјуто, Кол додава дека неговиот татко „најверојатно направил многу за да ја ескалира аферата со донациите“, но во тој контекст има „нешто пофундаментално: Однесувањето на Ангела Меркел во внатрепартиската борба за моќ“.

По одредено време, аферата го собори Хелмут Кол од позицијата лидер на ЦДУ. Тој никогаш не откри од каде дојдоа парите и покрај големиот притисок, а аферата овозможи Меркел да се сврти против својот ментор и да го преземе водството на партијата во 2000 година. Кол инсистираше дека говорењето за скандалот ќе и штети на партијата.

Според Валтер Кол ова се случувало и покрај фактот што на почетокот на скандалот, Меркел во партијата говорела за заштита на Хелмут Кол и особено на неговото семејство, поради сето она што тој го направил за партијата.

Отуѓен син

Валтер Кол и неговиот брат немаат зборувано со својот татко со години, а книгата на Валтер објавена во 2011 година ги опишува тешкотиите со кои се соочувал тој, како син на германскиот канцелар со најдолг мандат.

Во интервјуто за магазинот Цајт, Валтер Кол изјави дека средбата на неговиот татко во 2016 година со унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од најгласните критичари на Меркел надвор од Германија - поради нејзината политика кон бегалците, не наликува на Хелмут Кол.

„Тој не е истиот оној кој што денес ги изјавува овие работи“ изјави Валтер Кол. „Стариот Хелмут Кол никогаш не би бил толку пријателски расположен кон автократ како Орбан“. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми