1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вардарки без финале

СН/жа/мф4 мај 2014

Во својот прв настап на „фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар не успеаја да стигнат и до првото финале. Денеска утеха ќе бараат во мечот за третото место против Митјиланд.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Ракометарките на Вардар, во трилер натпревар загубија од Будуќност со 22:20, по продолжението, откако мечот во регуларниот дел заврши со резултат 16:16. На двете екипи им припадна по едно полувреме од регуларниот дел на натпреварот. Будуќност, односно одбраната на Црногорките им создаде многу проблеми на македонските шампионки. Вардарки во нападот делуваа безидејно и анемични. Таквиот развој на настаните Будуќност максимално го искористи и по првото полувреме стигна до предност од 11:5.

Второто полувреме се одвиваше по исто сценарио, само што во главана улога беа ракометарките на Вардар и голманката Амадин Лејно.

Предводени од Лејно, избраничките на Кастратовиќ трпеливо ја топеа предноста на противничките, стигнаа до израмнување во 27-та минута (16:16). Овој резултат не се менуваше до истекот на 60-та минута по што натпреварот замина во продолжение.

Во екстра времето, Будуќност отвори со два на Петровиќ и на Неагу, на што возврати Пино.

Неагу од седум метри погоди за Будуќност, ударот на Пино го одбрани Волтеринг, а во следниот напад Цвијиќ погоди за предност на Будуќност од три гола по првото продолжение (20:17).

Второто продолжение започна со одбраната на Лејно и голот на Лекиќ. Потоа Неагу доби исклучување, а Николиќ од седум метри погоди за намалување на предноста на Будуќност на само еден гол.

Во следниот напад одново беше суден седмерец за Вардар, а сигурен реализатор беше Николиќ за 20:20. На истекот на 67-та минута Петровиќ реализира удар од седум метри, потоа Лекиќ направи прекршок во напад, а Биздра на 45 секунди до крајот го постави конечниот резултат. Вардарки, денеска , против Митјиланд ќе се борат за третото место, додека Будуќност против Ѓер во финалето во Будимпешта ќе игра за титулата европски првак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми