1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вардар во невозможна мисија против Стеауа

СН/ЖА/макфакс23 јули 2013

Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер го игра возвратниот дуел против романска Стеауа, во рамките на второто квалификациско коло во Лигата на шампиони. Вардар, во реваншот ќе стартува со негатива од три гола.

Фотографија: DW

Играчите на скопски Вардар, и покрај резултатска негатива и квалитативната разликата во однос на противникот немаат намера лесно да се предадат, ветуваат пожртвувана игра и достојно репрезентирање на македонскиот фудбал.

„Во Букурешт заминавме за да направиме добра резултат пред реваншот, во тоа не успеавме. За нас 0-3 не е добар резултат, Вардар не одигра на свое ниво на тој натпревар, а Стеауа играше добро, но и ние им помогнавме за да го остварат тој резултат. Овој резултат е лош за нас, но тој сеуште е активен резултат, задача на секој играч кој игра за Вардар е се додека постои шанса да се борат и да се обидат, овој пат да го сторат невозможното. Сепак и доколку не го направиме невозможното оваа публика ќе знае да не награди доколку го дадеме максимумот“, рече на прес конференцијата во пресрет на мечот капитенот на Вардар Раденко Бојовиќ.

Вардар во реваншот, како што најави тренерот Милевски ќе настапи со речиси истиот состав кој го започна и мечот во Будимпешта, од друга страна Стеауа ќе игра со различен тим од оној кој започна на првиот меч. Романскиот првак во Скопје допатува без Влад Кирикеш и Кристијан Танасе, играчи кои беа најдобри во својот тим на првиот меч.

Натпреварот помеѓу Вардар и Стеауа ќе се одигра на „Филип Втори“ во Скопје, а почетокот е во 20:45 часот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми