Вардар на сите страни на Европа
25 август 2017![Türkei Mazedonien Europa League Fenerbahce vs Cardar](https://static.dw.com/image/40231799_800.webp)
Дебитантскиот настап во најмасовното клупско натпреварување на УЕФА ќе го однесе скопски Вардар на сите страни на континентот. Противниците на македонскиот шампион во групата Л во годинешната сезона на Лига на Европа доаѓаат од Русија, Шпанија и Норвешка. На денешната ждребка во Монако за носител на групата Л беше извлечен Зенит од Санкт Петербург а од вториот и третиот шешир се придодадоа Реал Сосиедад и Розенборг.
Скопските и македонските вљубеници на фудбалот ги очекува возбудлива фудбалска есен со три домашни натпревари на Вардар во Телеком арената против силни противници и три гостувања во Русија,, Шпанија и Норвешка. Натпреварите во групите во Лигата на Европа започнуваат на 14 септември а ќе завршат на 7 декември 2017 година.
Останатите групи во Лига Европа во сезоната 2017/2018:
Група А: Вилјареал, Макаби Тел Авив, Астана, Славија Прага
Група Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербег
Група Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Истанбул Башакшехир
Група Д: Милан, Австрија Виена, Риека, АЕК
Група Е: Олимпик Лион, Евертон, Аталанта, Аполон Лимасол
Група Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф Тираспол, Злин
Група Г: Викторија Плзен, ФЦС Букурешт, Хапоел Бер Шева, Лугано
Група Х: Арсенал, БАТЕ Борисов, Келн, Црвена звезда
Група И: Салцбург, Олимпик Марсеј, Виторија Гимараеш, Конјаспор
Група Ј: Атлетик Билбао, Херта, Зорја Луханск, Естерсундс
Група К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витесе
Инаку, македонскиот шампион синоќа со втората победа во меѓусебниот дуел со големиот фаворит Фенербахче, оствари историски успех за македонскиот фудбал. Вардар славеше и на гости во Истанбул со 2:1, додека резултатот во Скопје беше 2:0.