1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Нова „провокација“ на поделениот Кипар

СН/агенции
21 јули 2021

Кипарските Грци на југ, кипарските Турци на север- медитеранскиот остров е поделен веќе 47 години. Разговорите за решение се заглавени подолго време. Сега С. Кипар предизвикува незадоволство со една контроверзна одлука.

Zypern Varosia | verlassene Gebäude
Фотографија: Christina Assi/AFP/Getty Images

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен ги осуди плановите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на кипарските Турци за отворање на летувалиштето Вароша, дел од градот Фамагуста на Кипар.

„САД сметаат дека акциите на кипарските Турци во Вароша, со поддршка на Турција, се провокативни, неприфатливи и неспоиви со определувањето конструктивно да се учествува во мировните преговори“, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар.

И францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан го обвини Ердоган за „провокација“. Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел претходно ги осуди постапките на Ердоган како „неприфатлива еднострана одлука“. Турција ја отфрли ваквата критика како „ништовна“.

Фотографија: Iakovos Hatzistavrou/AFP/Getty Images

Турскиот претседател вчера изјави дека „животот ќе продолжи“ во Вароша и ги повика кипарските Грци да побараат надоместок за загубата на својот имот.

Повеќе:

-Прекин на преговорите за Кипар

-Кипарско обединување на видикот

-Вечниот кипарски конфликт

Летувалиштето е оградено со бодликава жица и е непристапно уште од турската воена инвазија на Кипар во 1974 година. Ердоган за време на дводневната посета на северниот дел на Кипар рече оти „трајно и одржливо решение може да биде единствено можно“ земајќи во предвид дека на островот се „две одвоени држави и два одвоени народа“.

„Меѓународната заедница порано или подоцна ќе ја прифати оваа реалност“, рече Ердоган на прославата на 47-годишнината од инвазијата на Турција која доведе до поделба на островот.

Фотографија: Danil Shamkin/NurPhoto/picture alliance

Со испраќање мировни трупи на ОН во 1964 година, Кипар беше поделен поради меѓунационални конфликти. По пучот на симпатизерите за обединување на Кипар со Грција, Турција во 1974 година го окупираше северот населен со турско малцинство и го прогласи за „Турска Република Северен Кипар“:

Советот на безбедност на ОН во 1983 година усвои Резолуција со која сецесијата на кипарски Турци беше означена како нелегална.

Можното повторно обединување на Кипар

02:44

This browser does not support the video element.

Европска унија, чија членка е Кипар, исто така, ја исклучува можноста за создавање две независни држави на островот.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес, ја опиша изјавата на Ердоган како „очекувано повторување на неприфатливите позиции на Турција“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми