1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Варуфакис неочекувано даде оставка

ЕМФ/ртр/афп6 јули 2015

По победата на „не“-опцијата на референдумот во Грција, министерот за финансии Јанис Варуфакис изненадувачки соопшти дека се повлекува од функцијата.

Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Некои одчленовите на Еврогрупата му ставиле јасно до знаење дека би претпочитале тој веќе да не учествува на нивните средби, соопшти Јанис Варуфакис денеска на својот интернет блог. Според Варуфакис, неговото заминување од страна на премиерот Алексис Ципрас се оценува како „потенцијално од помош“, поради што тој „денеска“ го напушта Министерството за финансии.

Грците вчера со 61% изненадувачки јасно му рекоа „не“ на натамошното штедење според претставите на кредиторите. Варуфакис пред референдумот рече дека ќе се повлече од функцијата ако граѓаните се определат за програмите за штедење. Меѓутоа, по вчерашното „не“, оставката на министерот за финансии е изненадување. Левичарскиот политичар со својот конфронтативен стил и острата реторика со месеци предизвикува лутина во Еврогрупата.

„Брзо по соопштувањето на резултатите од референдумот ми беше укажано дека некои членови на Еврогрупата и различни ’партнери’ би преферирале мое ’отсуство’ на своите средби, идеја која од страна на премиерот беше оценета како нешто што може да е од помош за да се постигне согласност. Поради тоа, денеска го напуштам Министерството за финансии“, напиша Варуфакис дословно на својот блог, откако претходно на Твитер ја најави оставката.

„Со грордост ќе го носам гнасењето на кредиторите“, напиша Варуфакис. Во саботата тој во едно интервју ги обвини кредиторите за „тероризам“ и ги обвини дека притискаат за опцијата „да“ на референдумот со што би можеле и „натаму да ги понижуваат“ Грците.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми