1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вархеји: ЕУ нема време за губење, резултати до јуни

ДТЗ
26 април 2022

„Европа мора да работи заедно за да спречи избувнување на конфликти на Балканот. Ова треба да биде приоритет број еден“, порача во Софија еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји

Oliver Varhelyi
Фотографија: EU/Gent Shkullaku

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, смета дека треба да се забрза процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и е разочаран што се одолговлекува постапката.„Не можам да сокријам дека сум крајно разочаран што ова прашање се уште е на дневен ред. Мислевме дека сме го решиле пред две години, но сега излезе дека тоа повторно е на дневен ред“, порача Вархеји на форумот за ЕУ и Балканот (EU meets Balkans) што се одржува во Софија.

Тој најави дека на средбите со бугарските претставници ќе се обиде да го откочи тој процес и да има резултати до јуни. „Треба да веруваме во себе и својата моќ и во способноста за трансформација на процесот на проширување“, рече Вархеји. Тој е дециден дека ЕУ нема време за губење и дека војната во Украина нѐ научила токму на тоа. 

„Европа мора да работи заедно за да спречи избувнување на конфликти на Балканот. Ова треба да биде приоритет број еден, бидејќи цела Европа би била засегната во случај на конфликт“, додаде еврокомесарот, кој во рамки на турнејата низ регионот, се очекува утре да допатува во Скопје.

Регионални последици

На форумот во Софија учествува и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кој предупреди дека секое одложување на ЕУ перспективите може да има сериозни регионални последици. 

Секое одложување на ЕУ перспективите може да има сериозни регионални последици, предупреди Бујар ОсманиФотографија: Regierung Nordmazedonien

„Во седмиците што следат, одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата ЕУ перспектива. Секое натамошното одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици“, рече Османи.

Тој говореше на панелот „Придобивки од интеграцијата“, што го модерираше поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Османи нотираше дека придобивките од интеграцијата во ЕУ се повеќекратни и „ние ги живееме речиси 20 години, но тие треба да продолжат, да се негуваат и да се доведат на повисоко ниво – почеток на пристапните преговори, што ќе има поголем трансформативен и мобилизациски ефект“.

Спротивставени ставови

Според бугарските медиуми, Софија на форумот го потврдила ставот на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е предуслов за почеток на разговори со Скопје. Но, имало и поинакви ставови дека треба да се укине ветото и да почнат преговори, па дури потоа да се исполнат условите на Бугарија.

-повеќе на темата: Нови средби во Софија за растерување на облакот од македонско-бугарските односи

„Пристапот 4 плус 1 ги гарантира правата на Бугарите и Хрватите и Црногорците да бидат вградени во Уставот на Северна Македонија. Како тоа може да се случи е прашање на долг разговор. Според мене, најреално е да се укине ветото и Бугарија да даде зелено светло за првата меѓувладина средба и отворањето на првото поглавје, за да се најде начин Бугарите да се вклучат во Уставот како конститутивен елемент“, порача европратеникот Илхан Ќучук.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми