1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Варшава се смета обесправена поради тужбата од Брисел

Јан Палокат
25 септември 2018

Опозицијата зборува за „час на пресметка". Владата пак на Брисел му префрла дека изгубил „контакт со реалноста". Реакциите од Варшава на тужбата од Европската комисија против судската реформа ги сумира Јан Палокат.

Polen Justizreform - Richterrobe
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/P. Twardysko

Многу коментари од опозицијата, но релативно малку од националконзервативните: одлуката на Европската комисија да ја тужи Полска пред Европскиот суд и заради реформата на највисокото судско тело, до сега не предизвика преголеми контроверзи во Полска.

Повеќе: ЕК ја тужи Полска

Не бил јасновидец, вели Станислав Карчевски од владеачката партија ПИС, и не знаел сѐ уште како ќе се однесува владата. Но, Полска секогаш ги почитувала сите пресуди и била пример за спроведување на одлуки на Европскиот суд.

Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки на маргините на посетата на една фабрика изјави дека неговата земја ќе ја „испита" одлуката на Брисел. Реформата на правосудството е „многу важна", бидејќи ја следи волјата на гласачите.

Враќање во последна минута

Претходно се шпекулираше дека полската влада би можела да игнорира одлука која би била неповолна по неа. За тоа придонесе вицепремиерот Јарослав Говин кој кон крајот на август годинава навести такво нешто. Подоцна таквите изјави ги претстави како лична проценка која не одговара по секоја цена на курсот на владата.

Де факто, Полска и под водство на ПИС до сега ги спроведуваше одлуките на највисоките судови, како на пример во последен момент и стопирањето на сеча на дрва во прашумата Бјаловиеза кога им се закануваа високи казни.

Европската комисија во нејзината тужба поради реформата на Врховниот суд бараше и стопирање на реформата и враќање во првобитна состојба уште пред носење на пресудата, значи и враќање на работа на судиите кои присилно беа пензионирани.

Протести за поддршка на судиите во Врховниот суд во ПолскаФотографија: Getty Images/AFP/J. Skarzynski

Страв за „добриот имиџ" на Полска

Претставниците на опозицијата пак и тоа како заземаа став. Грегор Шетина од најголемата опозициска партија „Граѓанска платформа" зборува за час на пресметка. Одлуката според него не е изненадувачка, туку зреела со недели.

„Полската влада мора сега да престане да го уништува највисокиот суд и независноста на судиите", вели Шетина. Јакуб Стефанијак од Партијата на селаните смета дека владата го уништува добриот имиџ на Полска. Не делува во интерес на Полјаците, туку само во нејзин партиски. Станисла Тишка од десната интернет партија „Кукиз15" зборува за „зло", кое политиката за правосудниот систем на ПИС го нанесува на земјата.

Повеќе: Пензионирање на полските непослушни судии

Јан Мосински од ПИС пак се жали дека Европската комисија делува „надвор од реалноста". Тужбата била веќе напишана уште пред владата да добие шанса да ја објасни смислата на реформата. Но, фактички полската влада имаше шанса во рамки на постапката покрената поради повреда на Договорот за ЕУ да заземе став.

Варшава провоцира

И на политичко ниво во Советот на Европа веќе петти пат се слушаше полскиот став, но учесниците критикуваа дека излагањето на евроминистерот Шимански било „провокативно" и не отворило никаков нов аспект во суштината.

Потоа Германија и Франција експлицитно ја предупредија Полска од „непоправливи чекори". Но, и покрај предупредувањата барем да ја сочека пресудата на Европскиот суд, Полска дури и ја забрза реформата на судот. Претседателот на Полска Анджеј Дуда минатата недела назначи 10 нови судии врз основа на новиот закон за правосудството, а следат и натамошни распишувања конкурси за нови позиции.

Според Европската комисија, присилните пензионирања на членови на највисоката судска инстанца во земјата го повредуваат начелото за неменливост на судиите и на нивната независност. За да може прашањето да се реши во најбрз можен рок, Комисијата покрена итна постапка во процесот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми