Ватерполистите по петто место во Едмонтон
8 април 2012 Македонската ватерполо репрезентација, која учествува на олимпискиот квалификациски турнир во Едмонтон, Канада, ќе игра натпревар за петтото место.
Во разигрувањето за пласман од 5-8 позиција Македонија синоќа го победи Бразил со 15:12, или по четвртини: 3:2; 4:2; 3:4 и 5:4. Головите за Македонија ги постигнаа: Матео Чук 2, Срѓан Аксентијевиќ 2, Игор Милановиќ 2, Марко Мартиниќ 2, Мирослав Ранџиќ 2, Борис Летица 2, Петар Ивошевиќ 1, Иван Басара 1 и Војислав Чупиќ 1.
Противник на македонските ватерполисти во натпреварот за петтото место ќе им биде домаќинот Канада, која вчера во разигрувањето ја победи Турција со 12:7. Ватерполо репрезентацијата на Македонија не успеа да избори пласман на Олимписките игри во Лондон, откако во клучниот натпревар, во четвртфиналето, загуби од Шпанија со 7:11
Натпреварот Македонија – Канада започнува вечерва од 22 часот и 20 минути.
Доцна синоќа се одиграа и натпреварите за пласман од првото до четвртото место меѓу репрезентациите што обезбедија учество на Олимписките игри во во Лондон.
Постигнати резултати во полуфиналето: Црна Гора – Грција 13:12 и Шпанија – Романија 11:6. Победниците од овие дуели ќе играат во финалето, а поразените за третото место.