1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ватикан: Историска средба меѓу Папата и Вселенскиот Патријарх

26 ноември 2004

Во Ватикан денеска необична посета- двајцата најпознати христијански лидери – папата Јован Павле Втори и духовниот лидер на правоскавните Христијани, вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе се состанат и ќе се обидат да го обноват долгогодишното разидување кое не е само георгафско, туку потекнува од далечната историја.

Двајцата црковни лидери денеска ќе се обидат да го надминат комплексот на конкурентност, што се чувствува речиси илјада години, уште од далечната 1054-та, кога по расколот во црквата, тогашниот Папа Лео 9-ти, го екскоминуцирал партијархот од грчката православна црква, а последиците биле фатални за христијанската заедница.

Денешната средба во Ватикан нема да биде првпат папата и вселенскиот партијарх очи во очи да разговараат за милемниумското разидување, но сепак, таа се оценива како исклучително значајна за натамошните реалации меѓу католичкиот и православниот свет. Всушност , Јован Павле Втори и Вартоломеј се среќаваат по втор пат за санмо шест месеци.

Пред да отпатува за Рим, патријархот Вартоломеј во Истанбул се сретна со поголема група римо -католички аџии, на кои им посака благосостојба и се помоли за папата со надеж дека разговорите ќе ги залечат раните од ред стотици години.

,, Ова е историски момент. Тоа е знак на братска љубов. Неговата светост, Папата имаше храброст дури двапати да искаже раѕочарување од она што се случило во 13 век. Еднаш, кога му нарача на кардиналот Барбарин, патријархот од Лион, да дојде овде на 13 Април, точно 800 години по окупацијата на градот од Латините. Со таквиот гест, со присуството на неговата еминенција , кардиналот Барбарин, како и она што тој го кажа во катедралата, тој бараше прошка за тоа што се случило во минатото,, рече партијархот Вартоломеј.

Лидерот на католичките аџии, Марк Ландхам, кој е и администратор на западната катедрала во Лондон, беше воодушевен од изјавата на патријархот.

,, Тој ги уништи сите стравови кога влезе, посакувајќи ни благосостојба, зборувајќи течно англиски јаѕик. Тој е човек со огромна интелегенција, огромна хуманост, длабока виѕија и поѕнавање на црковните состојби на Истокот и на Западот.,, рече предводникот на аџиите.

Како што е најавено, по денешната средба на папата Јован Павле и патријархот Вартоломеј, официјални претставници од Ватикан на партијархот ќе му предадат значајни христијански симболи- моштите на двајца светци, кои што пред 800 години биле одѕемени од Константинопол, прво страна на Венеција, а потоа од Ватикан. По тој настан , претстолнината на византиската црква била засенета од исламот, кој во тој период бил во подем.

Сега, многу години подоцна, обидот за црковно помирување на истокот и запаадот, се поѕдравива низ целиот свет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми