1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Ватикан - Курс за истерувачи на ѓаволот

14 април 2018

Во еден папски факултет во Рим по 13-ти пат се одржува курс за егзорцисти. Потребата за ослободување од демони се чини силно расте во последните години.

Statue im Mondlicht
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer

Само во Италија секоја година, според некои проценки 500.000 луѓе бараат помош од егзорцисти. И ирскиот најпознат истерувач на ѓаволот, католичкиот свештеник Патрик Колинс гледа наводно „драматичен пораст на демонски активности“ на овој остров. Побарувањето по неговата умешност во изминатите години „експоненцијално нараснала“, изјави Колинс за весникот „Ириш пост“.

На факултетот Регина Апостолорум  во Рим повторно се одржува курс за егзорцисти. Иако тоа предизвика големо внимание кај јавноста, Службата за односи со јавноста на Ватикан потсетува дека курсот е наменет исклучиво за свештеници кои сакаат обновување на своето знаење за истерување на врагот. Од Ватикан се тврди исто така дека од почетокот на столетието, бројот молби за избавување од ѓаволот е утроен.

Педро Барањон, професор на факултетот Регина Апостолорум за информативната служба на Ватикан изјави дека овој курс се организира според желба на свештеници, кои не се чувствуваат доволно подготвени за истерување на ѓаволот. „Светот на егзорцизмот не е едноставен“, вели свештеникот од Редот Христови легионари. Католичката теологија, според негово мислење, ја занемарила таа своја задача, зашто не изгледа дека е „на нивото на рационалистичката светлина на денешнината“.

Филмот „Егзорцист“ во 1973. година предизвика жолчни дебатиФотографија: imago stock&people

Актуелизација на „умеењето' од Средниот век

Всушност, нешто слично на егзорцизам е познато во целиот спектар на религии и по правило тоа е обредно протерување на „зли духови“ од луѓе, живи суштества или предмети. И во другите култури целта е „целосно чистење“ и оздравување. Во Католичката црква во овој обред се гледа молитва за ослободување на луѓе од моќта на злото. Во егзорцизмот, во име на Исус Христос, може да му се нареди на демонот да ја напушти личноста која ја опседнал. Овластувањето за спроведување на егзорцизам црквата го изведува од Новиот завет, каде Исус му наредил на ѓаволот „да отстапи“ .

Обредот на протерување се состои од молитви и формулации на благослови и заклетви. Во 1999. година Ватикан одреди нови смерници за да се вклучи подлабоко во сознанијата на медицината и психијатријата. Не така одамна, шизофренијата, па дури и обичната психоза се сметала за „опседнатост од ѓаволот“, што се „лечело“ и со физичко матретирање, зашто претходните насоки биле на сила уште од 1614. година. Денешната постапка на егзорцизам е дозволена дури откако свештеник детално ќе го провери случајот и по потреба ќе се советува со лекари и психијатри.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми