1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ватикан со историска промена поради коронавирусот

СН/агенции
7 март 2020

За првпат во историјата јавна неделна пладневна молитва на папата ќе има само преку видео-стрим.

Vatikan Papst Franziskus hustet während des wöchentlichen Angelus-Gebet
Фотографија: Reuters/Vatican Media

Папата Франциско наредните два јавни благослови ќе ги упати преку видео- порака за да се спречи собирање на верниците како мерка на претпазливост против ширењето на коронавирусот.

Како што денеска објави Ватикан, папата традиционалниот неделен благослов нема да го упати од прозорот на плоштадот Свети Петар во Ватикан, како што инаку е вообичаено, туку тој ќе биде снимен во Апостолската палата и ќе се емитува како лајв-стрим преку повеќе канали.

Фотографија: picture-alliance/Zuma/E. Inetti

Мерките имаат за цел да се избегне ризикот од ширење на вирусот меѓу групи луѓе за време на безбедносните проверки на верниците на влезот на плоштадот Свети Петар. И генералната аудиенција во среда треба да се одржи на ист начин. Како што објави Ватикан, папата утринските молитвни ќе ги служи во гостинската куќа Света Марта до 15 март, без учество на верниците.

Повеќе:

-Ќе стигне ли вакцината против коронавирусот навреме?

-Дали е коронавирусот многу подолго заразен?

-Коронавирусот „се крие“ и во тоалети и спални соби

Со тоа Ватикан ги следи упатствата на италијанската влада, која забрани собири на кои учесниците не можат да го одржат одредено минимално растојание од еден метар. Италија е една од најпогодените земји од новиот коронавирус со преку 4600 заразени луѓе и близу 200 починати. И Ватикан вчера го потврди првиот случај на коронавирус. 

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни уште во четвртокот објави дека се планирани дополнителни мерки за заштита од натамошно ширење на вирусот. Откако Апостолската библиотека и неколку архиви објавија во петокот дека ќе бидат затворени следната недела, изменетата пладневна молитва во недела и генералната аудиенција во среда се дополнителни мерки. Базиликата „Свети Петар“ и музеите на Ватикан сè уште се отворени;  но како и насекаде во Рим,  бројот на посетители драстично се намали.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми