1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон ги бара вдовиците на Осама Бин Ладен

10 мај 2011

Пакистан, според извори од Белата куќа, ќе им овозможи на американските агенти контакт со трите вдовици на ликвидираниот Осама Бин Ладен. Американската влада претходно искажа интерес за тоа.

Американските служби сакаат да ги испрашаат трите вдовици на убиениот терористФотографија: picture-alliance/dpa

Американскиот претседател Барак Обама и неговите советници за безбедност се прашуваат, како Осама Бин Ладен долги години незабележано живеел директно покрај центарот за обука на пакистанската воена елита и како Бин Ладен од неговата резиденција во Пакистан издавал оперативни наредби преку курири, без знаење на моќната пакистанска тајна служба или елитата на армијата. За да се пронајдат евентуалните поддржувачи убиениот шеф на Ал Каеда во Пакистан, американските истражни органи бараат колку што е можно поскоро да ги сослушаат трите вдовици на Осама Бин Ладен.

САД имаат интерес да ги сослушаат трите вдовици, потврди портпаролот на американскиот претседател Барак Обама, Џеј Карни.

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани ги отфрли обвинувањата дека неговата земја го подржувала Бин ЛаденФотографија: picture-alliance/dpa

СиЕнЕн во меѓувреме јави дека Пакистан ќе дозволи САД да ги приведат заради испрашување трите жени.

Меѓутоа, според телевизијата, претходно жените на Бин Ладен треба да дадат дозвола за тоа.

Пакистански генерал осомничен за поддршка на Осама

САД пред се’ сакаат да дознаат, дали некој моќен сосед на Бин Ладен во Аботабат го заштитувал топ терористот. Поточно станува збор за долгогодишниот директор на пакистанската Воена академија, генералот Надим Таи. Според американските истражители, постои сомневање дека пакистанскиот генерал Таи, подоцна и шеф на тајните служби АјИсАј, учествувал во подготовките на терористичкиот напад во Мумбај во 2008 година, кога животот го загубија 166 луѓе.

„Контактираме на различни нивоа со Пакистан“, нагласува портпаролот на Обама, меѓутоа владата во Исламабад не мора многу да стравува од Вашингтон. Имено без дотурот преку Пакистан, американските трупи во Авганистан брзо може да останат без бензин и муниција.

Барак Обама инсистира дека пријателството со Пакистан е на нивоФотографија: AP

Освен ова, САД во ниедна друга земја изминатите години не можеле да ликвидираат толку терористи, колку во Пакистан, нагласи претседателот на САД.

„Без поддршка на пакистанската влада, тоа не би било можно“ подвлекува Обама.

Според информации на американските и британските медиуми, пред три години бил обновен американско-пакистански таен договор. Овој таен договор им овозможува на САД, во секое време да можат да ги следат на пакистанска територија, лицата на водечка позиција во Ал Каеда, со борбени летала и специјални акции на командосите. А американската влада ќе настојува, овој договор да важи колку што е можно подолго.

Автор: Ралф Зина/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми