1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Вашингтон: И другите треба да го притиснат Иран

ЖА / агенции
12 мај 2018

Сопственото откажување од Атомскиот договор и заострувањето на санкциите против Иран не е доволно за Белата куќа: таа ги повика другите нации исто така да извршат поголем притисок врз Иран.

USA Donald Trump im Weißen Haus in Washington
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Loeb

Однесувањето на Иран е опасно и лекомислено, се вели во соопштението од Белата куќа во Вашингтон: „Иранската Револуцинерна гарда употребува пари за да врши дестабилизирачко влијание во целиот Блиски Исток, иако иранскиот народ стана жртва на заслабнатата национална економија.“ Вашингтон тврди дека Револуционерната гарда извршила ракетни напади врз израелските граѓани, а во Јемен групите кои се блиски на Иран, испалиле ракета кон главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. „Време е сите нации кои се свесни за својата одговорност, да извршат притисок врз Иран со цел да го принудат на промена на неговото опасно однесување,“ се вели во соопштението од Вашингтон. 

Додека американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео пледира за постигнување нов договор за нуклеарно оружје со Иран, напорите на другите држави се концентрирани на одржување на веќе постоечката спогодба. Вчера  германската канцеларка Ангела Меркел во Минстер изјави дека откажувањето на САД од Нуклеарниот договор со Иран е причина за загриженост  и ја поткопува довербата во меѓународниот поредок. Едностраното напуштање на меѓународни договори од страна на САД во случајот со Иран, климата и трговијата е лоша вест за светот, истакна Меркел. 

Фотографија: C. Barria/AFP/Getty Images

Британската премиерка Тереза Меј, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп околу последиците на новите санкции против Иран, потенцирала дека Лондон и натаму ќе се придржува кон Нуклеарниот договор со Техеран, потпишан во 2015. година во Виена.

Повеќе: 

Зошто одлуката на Трамп за Иран е фијаско за Кореја

Иран: предвидлив чекор, непредвидливи последици

Трамп во вторникот најави повторно активирање на суспендираните санкции против Иран, што е фактичка примена на одлуката за напуштање на меѓународниот договор и дистанцирање од останатите негови потписници: Велика Британија, Германија, Франција, Русија и Кина. Бројни европски и гремански фирми се исклучително загрижени за судбината на нивните деловни врски со Исламската Република.

Франција отворено најави непридржување кон евентуалните американски санкции против Иран, поврзани со Атомскиот договор. Париз со своите европски партнери на Европската комисија ќе ѝ достави предлози околу заштита од евентуалните американски казни, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. „Европа нема да ги прифати САД во улога на светски економски полицаец. Сакаме ли да станеме вазали на САД, кои послушно ги спроведуваат американските одлуки или ќе кажеме - имаме сопствени стопански интереси, затоа размислуваме и натаму да тргуваме со Иран?“, изјави министерот за радио Европа-1.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми