1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон, Ријад и загубеното пријателство

Керстин Книп/Ж.А.20 април 2016

Американскиот претседател Барак Обама е во посета на Саудиска Арабија. Односите меѓу двете земји не се блиски како некогаш. Интересите им се различни.

Фотографија: picture-alliance/epa/M. Reynolds

Претседателот бил разлутен, па му се доверил на својот политички пријател, австралискиот премиер Малколм Тернбул. Го прашал што мисли околу тоа што Саудиска Арабија и други земји од Персискиот Залив сакаат своите строги сфаќања на исламот да им ги наметнат и на другите, на пример на Индонезија. „Па зар Саудијците не се ваши пријатели“, прашал Тернбул. „Компликувано е“, одговорил Обама. Оваа мала анегдота, која неодамна ја објави американскиот магазин „Атлантик“, покажува колку се измениле американско-саудиските односи. Тивката слога која со децении го красеше тој однос, сега отстапи место на недоверба и задршки.

Последици од нападите на 11 септември

Недовербата настана на 11 септември 2001 година, по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон. 15 од вкупно 19 атентатори беа саудиски државјани. Оттогаш Вашингтон критички гледа на вахабизмот, кој е саудиска државна религија. Зашто, фундаментализмот на вахабиските државни теолози е близок до екстремизмот на сунитските џихадисти, ако не и сроден со него.

Токму последните недели во САД се дискутира околу досега необјавениот дополнителен протокол за нападите од 11 септември 2001 година. „Кога станува збор за Саудиска Арабија, тука секако не ги следевме сите линии“, изјави бившиот сенатор Боб Кери, некогашен член на истражната комисија, во емисијата „60 минути“.

Демонстрација на сила: воена парада во МекаФотографија: picture-alliance/dpa/K. El Fiqi

А Саудиска Арабија веќе долго безуспешно се обидува да дојде до една копија на извештајот кој е држен во тајност. „Ако има обвинувања против Саудиска Арабија, сакаме да одговориме на нив, зашто знаеме дека се тие без основа“, изјави тогашниот саудиски министер за надворешни работи Сауд ал Фајсал уште во 2003 година. Саудијците уште немаа увид во извештајот.

Оставени на цедило

Патувањето на американскиот претседател Барак Обама во Ријад не е нималку едноставно, а дополнително го компликуваат несогласувањата со многу понов датум. „Саудиска Арабија смета дека е оставен на цедило од САД“, вели Себастијан Сонс од Германското друштво за надворешна политика, „и тоа прввенствено поради нуклеарниот дил со Иран, најголемиот ривал на Саудиска Арабија. „Но, и поддршката на САД кон саудиската воена кампања во Јемен е неволна.“ Ни интересите на Сирија не им се поклопуваат. „Саудиска Арабија бара соборување на Башар ал Асад, а САД, кога станува збор за тоа, досега беа воздржани.“

Саудиска Арабија, како што вели Сонс, сака поголем ангажман од страна на САД, и покрај отвореното економско ривалство. „Не треба да се заборави дека фракингот во САД многу влијаеше врз саудиската превласт на пазарот на нафта. Поради тоа Саудијците и натаму сакаат да остане ниска цена на нафтата.“

Саудискиот крал СалманФотографија: Getty Images/AFP/S.Loeb

Саудиските и американските интереси моментно се разијдуваат, забележува и социјалниот антрополог од лондонскиот Кингс колеџ, Мадави ал Рашид. Додека Обама се залага за мултиполарен поредок на Блискиот Исток, со учество на повеќе регионални сили, Саудијците сакаат да се етаблираат како водечка сила. „Обама затоа во Ријад важи како единствен американски претседател кој го поремети сонот, од кој Саудијците се разбудија и се најдоа во непријатната стварност“, пишува Рашид во интернет-магазинот Ал-монитор.

„Ако Обама навистина сака нешто да постигне со посетата, мора да ги убеди Саудијците дека времето на регионални хегемонијални сили е поминато, барем во догледна иднина“, вели Ал-Рашид.

Заеднички интереси

И покрај сите разлики, САД и Саудиска Арабија и натаму ги врзуваат заеднички интереси, вели Себастијан Сонс. „Борбата против Исламска држава е еден од нив. Кралската куќа во Ријад сфати дека ИД не е само безбедносно политички, туку и идеолошки предизвик. Последните месеци се зголемија напорите на борците на ИД на саудиска територија. Тоа длабоко ги вознемири Саудијците.“

Но, Саудиска Арабија ја вознемирува и нестабилната ситуација во непосредното соседство. Таа реши да интервенира воено во борбите во Јемен, поддржувајќи го претседателот Абед Рабо Мансур Хади против бунтовничките Хути, чии борци се во непосреден контакт со Иран. Досега не беше вообичаено Саудијците директно воено да се вмешуваат, вели Сонс.

Конкуренти во производството на нафтаФотографија: picture-alliance/dpa/Deutsche Rohstoff AG

Интервенцијата е сигнал и до Вашингтон, кому треба да се покаже дека Саудијците можат да ги решаваат проблемите и без САД. Но, прашање е дали е пораката доволно убедлива. „Површно гледано, тоа е израз на сила. Но, под површината постои знак на слабост, зашто на овој начин се отстапува од традиционалниот надворешно-политички курс на остварување влијание преку дипломатски средства, па се тргнува по курсот на воено конфронтирање, кој во Јемен досега не донесе никаков успех.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми