1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вајскирхен: во наредните 15 години во ЕУ ќе бидат примени сите држави од Западниот Балкан

25 март 2006

За перспективити на земјите од Западниот Балкан за пристапување кон евро-атлантските струткури, вчера во интервју за ДВ се изјасни Герт Васјкирхен, експерт за надворешна политика од собраниската група на германските социјалдемократи.

Герт Вајскирхен од германската социјалдемократска партија
Герт Вајскирхен од германската социјалдемократска партија

Запрашан за можноста Западниот Балкан сепак да не ја добие ветената европска перспектива со оглед на скептичните изјави од Брисел последниве денови, Васкрихен изјави:

„ЕУ уште во Солун одлучи дека земјите од ЈИЕ кои очекуваат европска перспектива мора да добијат прилика да станат нејзини членки, како и сите други кои веќе станаа членки на Унијата, како Словенија, или пак кои се наоѓаат на добар пат, како Хрватска. Тоа треба да важи и за Западниот Балкан. Не знам колку ќе трае тој процес, но уверен сум дека ако се‘ оди како што треба, во наредните 15 години ќе бидат примени сите држави од Западниот Балкан.„

Што се однесува до статусот на Косово, како чувствително прашање во регионот, Герт Вајскирхен оцени:

„Тоа е во рацете на Марти Ахтисари, кој ќе мора да води сметка дека потполното одвојување на Косово, потполната независност и политичка автономија ќе имаат последици за целиот регион. Тој процес на проценување е извонредно тежок и јас се надевам дека тој ќе успее така да раководи со преговорите, што на крајот сите ќе можат да ја дадат својата согласност. Преговорите во Виена се многу чувствителни и низ нивниот исход ќе мора да се одговори и на прашањето на кој начин решението ќе влијае врз натамошниот демократски развој во Србија. Се надевам дека Ахтисари ќе ги препознае тие проблеми и ќе стори се‘ за да се одбегне поголема опасност.„

Конечно, запрашан како гледа на Косовската војна што започна на вчерашен ден во 1999-та година, експертот за надворешни политички прашања на германските социјалдемократи, одговори:

„Верувам дека тогашната одлука да се спречи геноцидот што се закануваше и веќе почнуваше, беше исправна. Тоа за жал мораше да се стори со воени средства, бидејќи политичките беа потрошени. Слободан Милошевиќ не веруваше дека НАТО може да интервенира. Тоа беше негова погрешна проценка и денес, седум години подоцна, гледаме дека се‘ уште не е надминато се‘ од тогашните настани.

Но, нам тогаш ни беше јасно дека режимот на Милошевиќ е подготвен за протерува луѓе, па ако е потребно и да ги убива, стотици, илјади луѓе. Тоа го видовме на примерот на Сребреница. Така Милошевиќ на крајот не‘ натера да ја одбереме воената опција„ – посочи Герт Вајскирхен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми