1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вебер: Не може Турција да преговара со ЕУ, а С.Македонија не

БГ
27 ноември 2019

Лидерот на фракцијата на Европската народна партија во Европскиот парламент Манфред Вебер побара ЕУ уште на самитот во декември да одобри почеток на преговорите со Северна Македонија

Sitzung Europäisches Parlament - Wahl EU-Kommission Ursula von der Leyen
Манфред Вебер и Урсула фон дер Лајен во Европскиот парламент Фотографија: picture-alliance/dpa/P. von Ditfurth

Манфред Вебер ги повика шефовите на држави и влади на ЕУ да одобрат почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија уште до крајот на годинава.
На следниот самит на ЕУ во декември, Европскиот совет мора да даде зелено светло за тоа, порача германскиот политичар за време на парламентарната расправа во Стразбур.
Недозволиво е, од една страна да течат преговорите со Турција, а од друга страна, на Северна Македонија да и се кажува дека не може да биде членка на ЕУ.
„Ова што го правиме е лудо“, рече Вебер. Според него, она што се случило на самитот на ЕУ во октомври е „трагедија“.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во излагање пред Бундестагот порача дека ЕУ мора да започне преговори со двете балкански земји. Притоа, Меркел прифати дека преговарачкиот процес мора да се реформира, како што бара претседателот на Франција Емануел Макрон.

Денеска и новата претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен при претставувањето на својата програма ја потврди „европската перспектива“ на земјите од Западниот Балкан. Таа се заложи за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми