Вевчани одбележува дваесет години од протестите
7 август 2007Реклама
Под мотото „дваесет години собир против насилството“, денеска во Вевчани се одбележуваат две децении од протестите на локалното население, кои власта ги растера со силни полициски сили. Тогаш жителите на Вевчани протестираа против поделбата на локалниот извор на вода, но протестот прерасна во политички случај во поранешна Југославија поради бруталната употреба на сила.