1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велигден во Франција

Тони Гламчевски16 април 2006

Велигден, воскресението Христово, за католиците во Франција, без разлика дали ја практикуваат или не верата, исто како и Божик, тоа за нив е ден за заеднички моменти со семејството.

Küken auf einem Osterei, Ostern, Ei
Фотографија: AP

Како што заслужува најголемиот христијански празник, тој се подготвува долго, цели четириесет дена додека траат постите. Последната недела пред Велигден е најнапорната, посебно за свештениците, кои ги има се помалку и помалку во Франција. Многу од нивните обврски тие им ги препуштаат на верниците, како украсувањето на црквата. Ако на Велики Петок, црквата е испразнета од нејзините украси, за саботната ноќна молитва таа е расцутана.

Мари Готие заедно со уште неколку други жени подготвија бројни букети цвеќиња во традиционалната велигденска боја – црвени и жолти:„Букетите зборуваат. Тие ни зборуваат за радоста, за Воскресението Христово, пупките кои ќе расцветаат ни велат дека Христос воскресна.“

На денот кога се споменува Христовата смрт, камбаните замолкнуваат, се додека не биде најавено Христовото воскресение. Во Лорен, на истокот од Франција, за утринската и вечерната молитва, верниците ги повикуваат децата. Три пати во денот, тие ги заменуваат камбаните на црквата:„Исус ќе умре и камбаните од жал ќе запрат да ѕвонат. И ние ги заменуваме за да луѓето знаат кога треба да јадат и да одат в црква. Отчукува пладне! “

За награда на нивната работа, како што вели легендата, камбаните на враќање од Рим за децата сеат чоколадни јајца, кокошки и зајачиња.

Бројните традиционални процесии „Патот на Крстот“, ширум Франција и преполнетите цркви, се сведоштво дека луѓето веруваат и посебно младите се враќаат во црквата: „Имам осумдесет и три години, секогаш кога можам доаѓам на процесијата“.

„Тоа е обичајот, уште од детството го правиме тоа.“

„И јас ќе ти помогнам во носењето на твојот крст, следејќи го твојот пат на љубовта“.

Само во Париз имаше дваесет процесии, од кои една дури и на Елисејските полиња.

„За Христијаните ова е навистина многу важен ден. Исус Христос, кој на крстот вели: „Боже, Боже, зошто ме напушти, молитвата ни помага да навлеземе во чувствата на Хрсистос за време на неговото страдање“, објаснува отец Севије.

Велигден е денот, кој многумина го избираат за да бидат крстени. Возрасните, кои ја попримаат католичката вера треба да поминат две години на веронаука.

„Оче наш“, е првата молитва која 32 годишната виетнамката Роа Руо ја научи: „Кога некој има триесет години, се чувствува позрел и може да разбере што треба да се направи во животот. Јас го пронајдов мојот патот“.

Велигден е и празник кога во Франција традиционално се состанува семејството и е изговор за средба на генерациите околу неизбежната велигденска трпеза. На трпезата преовладува јагнешкото месо, но и рибата и изобилство на чоколадо. Но, не се само децата кои се разгалуваат со најразличните форми на чоколада кои ги донесоа камбаните на враќање од Рим и ги посеаа на балконите, во собите, градините и парковите. Французите годинава ја ставија чоколадната кокошка во втор план.

„Сепак ќе земам една мала црна кокошка, бидејќи кога бев мала за Велигден секогаш ми даваа една иста ваква и тоа ме потсетува на моето детство.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми