1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Велигден и Бајрам без полициски час

ДТЗ
26 април 2021

На денот на одбележувањето на празниците нема да има ограничување за движењето на граѓаните. Од среда се отвораат и летните тераси на кафулињата. 

Nord-Mazedonien Skopje | Coronakrise: Gastronomie muss wieder schließen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час од среда, 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината. На денот на празнувањето на Велигден и Рамазан-Бајрам полициски час нема да има, дознава Дојче веле. Тоа значи дека полициски час нема да има овој викенд, од сабота кон недела и ноќта меѓу 12 и 13 мај. 

-повеќе на темата: С. Македонија и третиот бран го дочека со висока смртност од Ковид-19 во регионот

„Мислам дека тие два дена нема да сменат ништо. Никогаш не може да имаме толку контрола колку што треба граѓаните да бидат одговорни. Во разговор со лидерите на верските заедници, тие презедоа одговорност да не се дозволат масовни собири и одбележувањето на празникот да биде во согласност со епидемиолошките мерки. Тука клучна е и одговорноста на самите граѓани“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Од среда се отвораат и летните тераси на кафулињата. Ваквиот предлог, Комисијата треба да го достави до Владата, којашто треба да донесе одлука дали ќе се отворатдо 20.30 часот летните тераси на кафулињата во пресрет на празниците.

Министерот за здравство, Венко Филипче претходно на социјалните мрежи информираше дека на редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите разговарале за состојбата низ болниците во текот на изминатиот викенд.

-повеќе на темата: Пандемијата не ги попишмани свадбарите - за три месеци полицијата растури 19 веселби

„Значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат. Апелирам за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот“, вели Филипче.
Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 314 случаи со Ковид-19, 27 починати и 557 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 16.858, од кои 7. 597 се во Скопје. На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 507 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, од кои 587 пациенти во Скопје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми