Почна „летото на незадоволство“ во Велика Британија?
21 јуни 2022Најголемиот штрајк на железниците во последните 30 години во Велика Британија започна денеска, кога десетици илјади работници ги напуштија работните места поради спорот околу платите, условите за работа и работните места.
Овој штрајк би можел да биде почеток за натамошни акции во индустријата, но и во целокупната економија во наредните месеци.
Штрајкот започна рано утринава, а се очекува дека во него ќе учествуваат над 40.000 работници кои, како што е најавено, би требало да штрајкуваат во вторник, четврток и во сабота, што ќе доведе до застој на железничката мрежа. Поради одвоен штрајк затворена е и лондонската подземна железница.
Премиерот Борис Џонсон, кој е под притисок да направи што е можно повеќе за да им помогне на граѓаните во соочување со најтешката економска криза во последните децении, вели дека индустриската акција дополнително ќе го забави опоравувањето на претпријатијата од кризата предизвикана поради пандемијата.
Синдикатите најавија дека штрајкот на железничарите би можел да го означи почетокот на „летото на незадоволство“, на кој ќе се приклучат и наставниците, медицинарите, комуналните работници, па дури и адвокатите кои се вклучуваат во индустриските акции. Сето ова се случува во светло на големите поскапувања на храна и на гориво, кои ја туркаат инфлацијата кон стапка од 10 отсто.
„Нашата компанија ќе трае колку што ќе биде потребно за тоа“, рече Мик Линч, главен секретар на синдикатите на работници во железничкиот, поморскиот и во транспортниот сообраќај РМТ, во понеделникот за новинарите.
Премиерот Џонсон пак ги критикува синдикатите дека им штетат на луѓето за кои тврдат оти им помагаат.
„Со тоа што го продолжуваат овој штрајк, железничарите ги тераат патниците, луѓето кои се возат на работа, кои ги поддржуваат железничарските работници, а влијаат и на компаниите и на социјалните заедници ширум земјата“, вели Џонсон, соопшти неговиот кабинет.
Илјадници луѓе учествуваа во протестот кој се одржа во саботата во центарот на Лондон во организација на синдикатите.