Велика Британија се обидува да изврши проверка на извештаите според кои руската војска во напад врз опколениот украински град Мариупол, наводно употребила хемиско оружје.
Реклама
„Постојат извештаи дека руските војници при нападот врз жителите на Мариупол користеле хемиско оружје. Со партнерите работиме на итно расветлување на деталите“, напиша министерката за надворешни работи Лиз Трас синоќа на Твитер.
„Секоја употреба на вакви оружја би претставувала опасна ескалација во овој конфликт, за што ќе го земеме Путин и неговиот режим на одговорност“, напиша Трас.
Портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби, синоќа изјави дека и Вашингтон има непотврдени информации за хемиски напад врз стратешки важниот град. „Доколку овие информации се покажат за точни, тогаш се исклучително загрижувачки“, рече Кирби, укажувајќи на „сомневањата“ на американската војска дека Русија може да примени во Украина „различни средства за растурање протести, посебно солзавец помешан со хемиски боеви отрови“.
Украинската пратеничка Ивана Клумпуч на Твитер напиша дека Русија во Мариупол употребила „непозната супстанција“ која кај луѓето предизвикала проблеми со дишењето – „веројатно хемиско оружје“.
Петро Андрушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, преку Телеграм соопшти дека „информаците за користење хемиско оружје засега не се потврдени“. Се очекуваат детали и разјаснување, тој ќе ги сочека „официјалните информации од војската“.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
Украинскиот полк „Азов,“ кој се бори во Мариупол, вчера на Телеграм објави дека руски дрон фрлил „отровна супстанција“ врз украинските трупи и цивилите. Кај погодените настапиле проблеми при дишењето и невролошки проблеми. Основачот на полкот, Андреј Билетски во видео порака објасни: „Три лица имаат јасни знаци на труење со боеви хемикалии, но без катастрофални последици“. Новинската агенција АФП не можела да ги верификува овие наводи.
Претставникот на проруските сепаратисти, учесници во борбите во Мариупол, Едуард Басурин, вчера ја спомена можноста од употреба на хемиско оружје во градот, истакнувајќи – сепаратистите би можеле да се обратат „до трупите за хемиско оружје, кои би принашле начин да ги истераат кртовите од нивните дупки“, како што цитира руската новинска агенција РИА Новости.
Мариупол не се предава
02:27
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во најновото видео обраќање истакна дека на Украина ѝ недостигаа тешки оружја за ослободување на Мариупол. „Доколку имавме авиони и доволно оклопни возила и потребна артилерија, можевме да успееме“, рече Зеленски. Истовремено, изрази уверување дека Украина, кога и да е, ќе го добие оружјето кое ѝ е потребно. „Но, не е загубено само време, туку и животи на бројни Украинци“, а за тоа се одговорни оние кои не испорачуваат оружје, смета Зеленски.
Седум недели по почетокот на руската инвазија врз Украина, Мариупол очигледно е пред пад – преостанатите украински трупи во градот вчера соопштија дека се подготвуваат за „последната битка“, просруските сеператисти од регионот Доњецк објавија заземање на градското пристаниште.
Мариупол е под руска опсада со недели. Градот со некогаш 400.000 жители е речиси уништен, а хуманитарната ситуација катастрофална. Зеленски зборуваше за најмалку десетици илјади мртви – жртви на руската опсада на градот.