Велика Британија: Првата вакцина за 90-годишната Маргарет
Кристијан Валц
8 декември 2020
Велика Британија денеска почна со вакцинирање против коронавирус. Први на ред се лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително. Против обврска за вакцинирање е и СЗО.
Реклама
Светската здравствена организација се изјасни против задолжително вакцинирање против коронавирус. „Не мислам дека прописите, особено кај оваа акцина, се вистинскиот пат“, изјави експертката за вакцини на СЗО, Кејт О'Брајен во Женева. Давање обврска за вакцинирање, или инсистирање на тоа, би можело да има смисла за одредени професии, како медицинскиот персонал во одделенијата за интензивна нега. Но, има примери каде обврска за вакцинирање дава спротивен ефект и не води до повисока стапка на имунизација на населението.
„Би било подобро кога на луѓето би им ги претставиле податоците и предностите и би ги оставиле самите да одлучат“, додава и координаторот на СЗО за итна помош Мајк Рајан. Сепак, нагласува тој, постојат околности во кои вакцината е единствената одговорна опција.
Дебатата за тоа дали вакцината протв корона треба да биде задолжителна се води различно во различни држави. ВоГерманијавладата повеќепати отфрли можност за задолжитено вакцинирање. „Ви давам збор: нема да има обврска за вакцинирање во оваа пандемија“, нагласи министерот за здравство Јенс Шпан во Бундестагот.
Скептиците, меѓутоа, стравуваат дека владата би можела да го промени ставот доколку во земјата не се вакцинираат онолку луѓе колку што се очекува. Противниците на вакцината укажуваат на можни несакани дејства и последици кои би можеле да се јават подоцна, особено во случаи на скратени фази на тестирање и издавање дозволи. Се изразува и загриженост дека е можно да постои „индиректна обврска за вакцинирање“, со тоа што лица кои немаат доказ дека ја примиле вакцината не би можеле да извршуваат одредени дејности.
Во меѓувреме, во Велика Британија почна вакцинирањето против коронавирус. Според наводи на владата во Лондон, во првата фаза би требало да се дадат 800.000 дози вакцини на Бионтек/Фајзер. Прво се вакцинираат лицата над 80 години и здравствениот персонал и негувателите кои се вбројуваат во групи со висок ризик. 90-годишната Маргарет Кинан денеска прва ја прими вакцината во болница во Ковентри.
Кинан е првото лице во ЕУ кое добило вакцина надвор од клиничките студии. „Се чувствувам неверојатно привилегирана што сум прва личност вакцинирана против Ковид-19“, изјави Кинан.
Според медиумите, намера да се вакцинираат набрзо имаат и 94-годишната кралица Елизабет и нејзиниот 99-годишен сопруг Филип, со цел да направат „силна противтежа на движењето на антиваксери“.
Велика Британија со над 61.000 починати, е земја во ЕУ која е најмногу погодена од Ковид-19. Таа даде дозвола за вакцината на Бионтек/Фајзер пред другите европски земји и пред САД.
Како коронавирусот го промени животот
Пандемијата на коронавирусот го промени од корен начинот на живот на каков што луѓето беа навикнати.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Ставете маска
И покрај тоа што македонските здравствени власти постојано предупредуваат дека носењето маска е важно за превенција од пандемијата на коронавирус, дел од луѓето сѐ уште се противат на носење маски. За неносење маски казната за граѓаните е 20 евра, за правните лица – 2000 евра. Затоа влезовите на продавниците од почетокот на пандемијата се „украсени“ и со вакви предупредувања.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Рестрикции и на отворено
Во С. Македонија маски мора да се носат и на отворено, а забрането е и групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица по 21 часот. Не се групирајте, е апел кој постојано се повторува од страна на надлежните. Резултатите се половични – покрај дисцплинираните, сѐ уште има луѓе кои се групираат и не преземаат превентивни мерки. Оваа празна клупа трпеливо чека на крај на пандемијата и рестрикциите.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Здравствена криза, економска криза
Угостителските објекти работат со ограничено работно време – само до 21 часот. Исклучок се оние со сервис за испорака. Празните ресторани и кафулиња ја отсликуваат новата реалност што ја создаде пандемијата на Ковид-19. Многу фирми, посебно малите, се плашат од пропаѓање. Ќе им бидат ли доволни средствата за помош од државата?
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Каде се другарите?
Околу 90% од учениците следат онлајн-настава, а без проблеми се одвива и наставата со физичко присуство, тврди министерката за образование Мила Царовска. Пандемијата ја забрза дигитализацијата на образованието. Но, привремено го запре нормалниот детски живот. Како актуелното намалување на социјалните контакти влијае врз детскиот развој ќе биде веројатно предмет на многу истражувања во иднина.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Помала осаменост со домашно милениче
Домашните миленици, во време на затворање дома, можат да бидат добар чувар од психолошкиот стрес што со себе го носи пандемијата. Според студија на универзитетите Јорк и Линколн, 90% од испитаниците сметаат дека домашното милениче им помогнало во емоционалното справување со „локдаунот“, а дури 96% се уверени дека со помош на домашното милениче останале во добра физичка кондиција.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Сѐ за здравје
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во пораст е побарувачката по витамини и сѐ што може да придонесе за зајакнување на имунитетот. Конзумирањето суплементи стана секојдневна рутина на многумина. Притоа, голем дел од она што го препорачуваат лекарите, не го покрива Здравствениот фонд, туку е приватен трошок. Лекувањето чини пари, превенцијата исто така. Но, сѐ за здравје!