Венецуела ден потоа
17 август 2004
Приврзениците на Чавез цел ден го славеа својот идол. 58 насто од преку 5 милиони Венецуелци гласаа за него. Учествотото на референдумот што го иницираше граѓанската опозиција беше огромно:
“Олигархијата се тресе, да живее слободата“. На плоштадот Боливар во близина на претседателската палата Чавез славеше заедно со неговите приврзеници главно од најсиромашните слоеви. Успехот го нарече досега најголемата победа на таканаречената “боливарска револуција“:
“Ова е историски ден за венецуелската демократија. И се надевам дека сите оние чии очекувања не се остварија ќе сфатат дека земјата е најважна“.
“Измама“, скандираа противниците на претседателот. Многумина им префрлаат на посматрачите на референдумот, меѓу нив и бившиот американски претседател Џими Картер, дека сето го направија заедно со Чавез зашто неговиот диктаторски стил на владеење гарантира стабилни цени на нафтата:
“Господине Картер, кога и да е во историјата ќе бидете повикани на одговорност за она што се случи во Венецуела. Вие сте пријател на Чавез и имате исти интереси“.
“Тоа беше страшна измама. Ни ги украдоа сите гласови. Можам само да кажам дека сме сити од овој режим, а што ќе се случи – не знам“.
Слично е мислиењето и на опозиционите лидери и веројатно ќе повикаат на нови демонстрации. Други пак сметаат слично како Хесус Тореалба: претставникот на опозиционата “Координадора“ верува дека Чавез ќе мора да ја признае опозицијата и оти веќе тоа е успех:
“Несупесите на избори се секогаш само еден момент. Ќе продолжиме да работиме и ќе успееме на следните избори. Во секој случај политичкиот пејсаж се промени“.