1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венецуела на најдобар пат до вонредна состојба

Еван Ромеро
10 јануари 2019

Николас Мадуро го почнува вториот мандат како претседател на Венецуела. Опозицијата ги бојкотираше изборите и не го признава резултатот исто како и ЕУ, САД и неколку други земји. Можен е хаос во земјата.

Venezuela Militärparade in Caracas | Nicolas Maduro, Präsident & Ehefrau Cilia Flores
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Parra

Првиот мандат за претседател на Венацуела Николас Мадеро го доби на демократски начин во 2015. Но, од тогаш систематски се одземаше можта на Парламентот и беше заменет со "конститутивен совет”, во кој седат само послушници на Мадуро. Во и натаму постоечкиот Парламент опозицијата и натаму има мнозинство и исто како и многу други држави, најави дека ќе се опира на давањето заклетва за фактичко преземање на мандатот од страна на Мадуро. „Целата група на земјите од Лима со исклучок на Мексико побара од Мадуро да не ја даде заклетвата," објаснува Иво Хернандез од Универзитетот во Минстер. Во Лима групата покрај Канада се и серија латиноамерикански држави. Тие ја разгледуваат можноста за воведување забрана за влез на службени лица од администрацијата на Мадуро. Парламентот сака да ја претставува земјата во надворешнополитичките релации, доколку Мадуро со сила ја преземе власта. Мадуро пак, не изгледа импресиониран од сите овие реакции.

„Кои средства им стојат на располагање доколку Мадуро ги игнорира барањата?" се прашува Хернандез. „Инструментите на дипломатски притисок не се доволни за да се влијае на новите автократи како Мадуро. Како можеме на мултинационално ниво да постапиме ако се одлучиме да се вмешаме во внатрешните работи на една земја за да ставиме крај на кризата, доколку таа веќе добила димензии како во Венецуела? Токму тоа е прашањето во моментов."

Фотографија: Getty Images/AFP/F. Parra

Како да се третира вонредна состојба?

„Венецуела е пред вонредна состојба." Тогаш важат посебни правила. Членот 233 од венецуелскиот Устав вели дека парламентот во отсуство на легитимен претседател се грижи за одржување на демократскиот ред и поредок во земјата. "Но, Мадуро и најтесниот круг околу него имаат контрола на оружјето, релации со меѓунардни терористички мрежи и бизнис реалии со дилери на дрога. Може да се рече дека земјата е западната во беззаконие. Мора да се применат внатрешни и надворешни инструменти за да тие луѓе се симнат од власт, но за тоа во Утсавот нема правила. Како да се третира вонредата состојба? Никој не знае", потцртува експертот од Минстер.

Повеќе:

-Драматични мерки во Венецуела

-Венецуела на чекор до имплозија

-Венецуела со хиперинфлација од еден милион проценти

Пооптимистична е Ана Солиз од универзитетот Хелмут Шмид на Бундесверот. Според политикологот е нужно да се изолира Мадуро, без да се прекинат сите канали на комуникација. Ако нема опции за дијалог би можело уште повеќе да се зацврснат позициите на власта и таа да делува како веќе да нема што да загуби. Солиз предлага да се создаде ситуација во која Мадуро самиот ќе падне од власт: „Кога ќе започне и официјално вториот мандат на 10 јануари противправноста на таа власт ќе ги легитимира сите чекори на парламентот за повторно воспоставување на демократскиот поредок во земјата. Најпаметен начин да се стори тоа е да се назначи претседателот на парламентот за прв човек во државата, а на Мадуро да му се одземе власта и потоа да се спроведат нови избори," појаснува Солиз.

Мадуро, војската и нафта

„Претседателот на парламентот Хуан Гуаидо побра од вооружените сили да го поддржат Парламентот", вели Николаус Верц, професор на Универзитетот во Росток. „Со оглед на привилегиите кои многу војници ги уживаат по Боливариската револуција многу е можно униформираните да продолжат да го поддржуваат Мадуро," додава тој. На краток рок Мадуро може да биде сменет само со "економска имплозија" или зголемување на цената на нафтата ќе биде доволно да го извади од безизлезната ситуација.

Фотографија: Gatty Images/AFP/Y. Cortez

Економистот Алехандро Маркез Веласкез од Латино-американскиот институт (ЛАИ) во Берлин има друго мислење: дури и ако цената на сировата нафта одеднаш порасне, венецуелската нафтена индустрија не може да профитира од ваквиот развој бидејќи има недостаток на квалификуван персонал. „Истото важи и за другите сектори со национално производство. Одливот на мозоци ја ограничува можноста на Венецуела, да профитира од потенцијално позитивните економски околности. И многу од исселениците би се вратиле во земјата кога би имале гаранции дека ќе има промени и политичка стабилност", заклучува Маркез Веласкез.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми