1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венецуела ја зголеми цената на бензинот за 1300 проценти

Катарина Бан / ЕМФ19 февруари 2016

Литар бензин за еден цент - со вакви цени Венецуела долго важеше за рај за возачите. Но, земјата е соочена со економско руинирање, па владата првпат по 20 години ја зголеми цената на бензинот - и тоа драстично!

Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Fernandez

Долги редици пред бензинските пумпи. Сите во Каракас ноќеска се обидуваа уште еднаш да наполнат евтин бензин. Зашто, од денеска цените се енормно повисоки.

Литар бензин сега наместо 0,07 боливари, чини цел еден боливар, што е зголемување од 1300 проценти.

Иако еден боливар не е којзнае колку пари, за луѓето е тоа само почеток.

„Ние, граѓаните на Венецуела, минуваме низ социјална и економска криза. Цените на храната се веќе високи и знаеме дека ако се зголеми цената на бензинот, ќе се зголемат и трошоците за јавниот превоз и други работи.“

Притоа, бензинот сѐ уште е поевтин од едноставни прехранбени намирници.

Еден литар бензин чини помалку од литар млеко, еден леб, килограм домати или два литра Кока-кола.

Овде можете да го погледнете видеото:

Венецуела ја зголеми цената на бензинот за 1300 проценти

01:28

This browser does not support the video element.

Порастот на цената не е популарна мерка, тоа го знае и претседателот Мадуро. Затоа, пред камерите, тој го образлага овој важен чекор.

Нагласува дека зголемувањето на цената на бензинот е неопходна за да се финансираат важни социјални реформи.

На Венецуела, поради ниската цена на нафтата, ѝ снемува пари. Со зголемување на цената на бензинот владата се надева на зголемување на приходите од околу 700 милиони долари годишно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми