Вепарот „Путин“ прекрстен во „Еберхофер“
19 април 2022На вепарот со руско потекло пред повеќе години му беше дадено името „Путин“. По почетокот на руската инвазија на Украина, управата на паркот за диви животни во Мелмајзел, во покраината Баварија, одлучи да го прекрсти вепарот.
По онлајн-гласањето најмногу гласови доби името „Еберхофер“. Меѓу имињата фаворити беа и „Зеленски“ и „Кличко“. Но, тие не се земени предвид за целата работа да не се „политизира“ и натаму.
Името „Путин“ е променето од почит кон украинските бегалци, кои имаат слободен влез во паркот, изјави шефот на паркот „Валдхаус Мелмајзел“, Екард Микиш. Според него, паркот е отелотворение на „поимот за добро чувство“, а тоа со името „Путин“ сега е осквернавено, вели Микиш.
Вепарот, инаку, беше крстен со вода во која има зачин „Маги“. Според Микиш, 200 килограми тешкото животно го обожава мирисот на овој зачин.