1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Верушевски: Бомбите беа на СДСМ

БГ
23 септември 2019

Прислушкувани материјали во, тогаш, опозициската партија пристигнувале уште од 2010 година, тврди поранешниот разузнувач Зоран Верушевски кој беше повикан како сведок во предметот „Таргет-Тврдина.

Bundespolizeiinspektion (Symbolbild)
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius

Во СДСМ се слевале информации од прислушкуваните разговори речиси пет години пред да започне нивното објавување од страна на лидерот Зоран Заев. Поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, кој во меѓувреме е висок партиски и државен функционер, тврди дека документацијата во партијата не ја внесувал тој, туку директно ја носел свиркачот Ѓорѓи Лазаревски.

Компромитирани „бомби“?

Верушевски денеска, сведочејќи во случајот за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“, во кој се обвинети поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште осум ним подредени лица, го оспори тврдењето на Лазаревски дека сите материјали кои тој и неговиот колега Звонко Костовски ги собирале во УБК му ги предавале нему. Верушевски тврди дека Лазаревски директно ги носел материјалите во СДСМ, а таму тој ги анализирал и ги предавал понатаму на партиското раководство.

,„Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија

и продолжи во 2014 година", рече Верушевски на денешното рочиште.

Верушевски тврди дека Ѓорѓи Лазаревски (на фотографијата) директно ги носел материјалите во СДСМФотографија: Privat

Собирањето на документацијата започнало уште во 2010 година, кога партијата ја предводеше Бранко Црвенковски. Во 2013 година на чело на партијата дојде Зоран Заев, а во февруари 2015 година започна со објавувањето на бомбите.

Верушевски го обвини Лазаревски и дека дал лажен исказ во рамките на истрагата за случајот ,„Пуч“, но притоа изрази сомнеж и во начинот на кој во СДСМ се третирале прислушкуваните материјали по неговото апсење во 2015 година.

„Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода", рече Верушевски.

Случајот „Пуч“

Ексразузнувачот во повеќе наврати при сведочењето повтори дека останува на изјавата која ја дал во рамките на истрагата за случајот „Пуч“.

Во екот на скандалот со прислушкувањето во 2015 година, тогашната власт отвори истрага против Заев, Верушевски, Лазаревски и Костовски, обвинувајќи ги дека тие го вршеле незаконското прислушкување во интерес на странска држава.

Во тој период беа објавени и серија разговори преку Скајп на Верушевски и Лазаревски кои, наводно, во комуникацијата ги користеле псевдонимите „Оркестар 11“ и „Кока-кола 10а“. Обвинителството тврдеше дека поседува материјал од над 300 страници со 6.000 поради директно поврзани со незаконски дејства. Истрагата за случајот „Пуч“ подоцна таа година ја презеде СЈО Катица Јанева, која во декември 2015 година им ги укина притворите на Верушевски и Лазаревски. Во јануари 2017 година СЈО се откажа од предметот „Пуч“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми