1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кларк: Изненаден сум од неефективноста на руската армија

БГ/ ДВ
10 март 2022

Руската армија во Украина досега се покажа како релативно неспособна, оценува во интервју за ДВ, генералот Весли Кларк поранешен врховен командант на НАТО. Тој пледира за поголема поддршка за Украина.

General Wesley Clark Stars Earn Stripes
Фотографија: Reuters

Генералот Весли Клар вели дека е „изненаден од неефективноста на руската армија“ во Украина.
„Русите досега се покажаа како релативно неспособна војска“, вели Кларк во разговор за ДВ.
Кларк смета дека НАТО треба да ја засили поддршката за Украина, затоа што таа поддршка може да го одлучи и текот на преговорите во иднина.
„Преговорите ќе бидат одлучени од исходот на теренот. А исходот на теренот се одлучува преку отпорот на Украинците“, објаснува тој. Генералот смета дека НАТО треба да продолжи да ја снабдува украинската армија со „противтенковски орудија, Стингери, и колку е можно повеќе против-воздушна и воздушна поддршка“. 

Кларк смета дека НАТО треба да и даде и воздушна поддршка на Украина, дури и по цена тоа да доведе до директен конфликт со Русија. 
„Доколку се повлечеме и се исплашиме од заканата на Путин со нуклеарно оружје, доколку не можеме да и помогнеме на Украина, тогаш следната криза ќе не снајде на територијата на НАТО“, вели тој и додава дека можната ескалација не е само во рацете на НАТО, односно дека истата може да ја испровоцира и Русија. 

Руската агресија принуди над два милиони луѓе да ги напуштат своите домови во УкраинаФотографија: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

Украина, вели Кларк, нема да биде последната цел на Русија.
„Целите на Путин не се ограничени на Украина. Се работи за поништување на владеењето на правото, меѓународниот поредок во Европа и остатокот од светот. Ова е само првата битка. Тоа може да биде лесна битка доколку нашите држави се обединети и се соочат со реалноста. Доколку не успееме да и помогнеме на Украина, следната криза ќе биде на територијата на НАТО“, вели Кларк.  

Пензионираниот генерал смета дека сега е предоцна за воведување на зона на забранети летови над Украина, и дека тоа требало да се стори пред агресијата.
„Но, државите можат да и обезбедат воздушна поддршка. Воздухот не и припаѓа на Русија. Сакам да ве потсетам дека се работи за украински воздушен простор и дека претседателот на Украина апелира за меѓународна поддршка. Зеленски се покажа како многу храбар лидер, и западните земји треба да најдат начин да го поддржат“, вели Кларк за ДВ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми