1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле бара политичка визија и реформи од Скопје

17 август 2011

Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле денеска (17.08.) испрати честитка до својот македонски колега Никола Попоски, по повод неговото именување за министер за надворешни работи.

Шефот на германската дипломатија Гидо ВесстервелеФотографија: dapd

Реализацијата на стратешката цел на Македонија за членство во евро-атлантските структури бара политичка визија и подготвеност за длабокосежни реформи, се наведува во честитката која шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле му ја испратил на својот македонски колега Никола Попоски.

Новиот македонски министер за надворешни работи Никола ПопоскиФотографија: Petr Stojanovski

Во писмото, Вестервеле нагласува дека Попоски ја презема службата во значајна година кога се одбележуваат дваесет години од самостојноста и десет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
„Сакам да нагласам дека овој договор претставува и понатаму неопходна основа за мултиетничкиот соживот во Вашата земја“, стои во честитката од Вестервеле.

Автор:БГ/СН/миа

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми