1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле: Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ

27 август 2010

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска ќе ја заврши мини-балканската турнеја со посета на Косово. Во Приштина заминува од БиХ каде имаше разговори со државниот и политички врв на земјата.

Од посетата на СрбијаФотографија: AP

Шефот на германската дипломатија денеска во Приштина треба да оствари средби со косовското државно и политичко раководство. Пред да замине во посета на контингентот на германската армија во рамките на заштитните трупи КФОР, Вестервеле ќе има обраќање и пред пратениците на косовскиот парламент. Притоа нема да изостане основаната порака на неговата мини-балканса турнеја која вчера ја повтори и во Белград: „Иднината на земјите од Западниот Балкан недвосмислено лежи во Европа. Сите имаме интерес за тоа, но истотака мора да биде јасно дека ЕУ не е само економска, туку и политичка заедница и кон тоа се вбројува подготвеноста, тешкотиите кон внатре и кон надвор и со соседите да се решаваат мирно и преку соработка“.

Вестервеле во Белград

Вестервеле и ТадиќФотографија: AP

Германскиот министер за време на разговорите со српското државно раководство недвосмислено ја поврза европската иднина на Србија со нејзината подготвеност за решавање на конфликтот со Косово. Вестервеле од српските политичари меѓутоа повторно го слушна ставот дека Србија никогаш нема да го признае Косово. Тој притоа истакна дека мора барем да постои волја за директни разговори меѓу Србија и Косово и да се прифати реалноста која според Вестервеле гласи: „Независноста на Косово е реалност. Територијалната карта за земјите наследнички на Југославија е утврдена. Нема полза од погрешно разбрана љубезност, работите да се премолчуваат. За една заедничка Европа потребна ни е отвореност“, истакна германскиот министер.

Вестервеле во Сараево

Вестервеле со Силајџиќ и Радмановиќ во СараевоФотографија: DW

Тој од Белград замина за Сараево каде што во текот на попладнето и вечерта разговараше со високи официјални претставници на Босна и Херцеговина. И за време на овие разговори Вестервеле ја истакна германската подршка за земјите од Западниот Балкан меѓу нив и за Босна и Херцеговина на патот кон заедничка Европа. „Тоа ќе ја заокружи и комплетира Европската унија“, порача шефот на германската дипломатија. Вестервеле укажа и дека за Босна и Херцеговина од огромно значење се клучните реформски процеси.

Германскиот министер за надворешни работи претпладнево ја завршува посетата на Сараево со средбата со шефот на дипломатијата на БиХ Свен Алкалај по што заминува за Приштина.

Автор:СН/ БГ/дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми