1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле против промена на границите на Балканот

10 август 2011

Шефот на германската дипломатија Вестервеле, во рамките на регионалната турнеја, се изјасни против промена на границите на Балканот.

Фотографија: dapd

Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле порача од Подгорица дека Германија нема да преговара за промена на границите на Балканот. „Патот кон Европската унија води преку демократија, реформи, соработка и мирно решавање на сите конфликти. Постои само еден пат за решавање на конфликтот, а тоа е дијалогот“, рече Вестервеле. По средбата со црногорскиот премиер Игор Лукшиќ, тој го поздрави конструктивниот пристап на Црна Гора за косовското прашање. Вестервеле во рамките на балканската турнеја ќе ги посети и Хрватска и Косово.

Aвтор: БГ/ТТ/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми