1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Еуфоричен пречек за ракометните херои

4 јуни 2019

Илјадници луѓе ги поздравија ракометарите на Вардар на улиците на Скопје синоќа. Вардарци по вторпат во три сезони се вратија во главниот град со титулата европски првак.

Nord-Mazedonien Empfang des Handball Europameisters Vardar in Skopje
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

По бројни одложувања поради невремето во Келн, ракометарите на Вардар доцна синоќа пристигнаа во Скопје на голема радост на нивните навивачи. Илјадници луѓе ги пречекаа уште на аеродромот, а славјето продолжи и по улиците на Скопје сѐ до плоштадот, каде беше кулминацијата на вечерта. 

Вардар е европски првак по вторпат во својата историја. На Фајнал фор турнирот во ракометната Лига на шампионите, Вардар најпрво ја совлада Барселона, а во финалето и Веспрем. 

Големата радост не ја засени ни неизвесноста во која се наоѓа екипата, откако главниот спонзор веќе подолго време најавува оти нема средства за да го одржи финансирањето на клубот. Неколку главни играчи веќе го најавија заминувањето од тимот. Судбината на останатите е неизвесна. 

Дали ракометната бајка ќе има нови продолженија? 

Навивачите секако би сакале уште многу вакви радости и веселби: 

Еуфоричен пречек за ракометните херои

01:24

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми