1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Критично во Малешевијата: Битка за спас на селото Мачево

Арбнора Мемети
6 август 2021

Огнените стихии во малешевскиот регион се шират без контрола. Нашата репортерка од теренот ни јавува дека е особено критично кај селото Мачево во општина Берово.

Waldbrände in Nordmazedonien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Стотици пожарникари, војници и доброволци со часови водат битка со пожарите кои се закануваат да го проголтаат селото Мачево во близина на Берово. Силниот ветар и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарите. Нашата репортерка на теренот ни јавува дека состојбата е тешка и дека се прават напори пожарот да не стигне до селските куќи, обидувајќи се да ја сопрат стихијата на локалниот пат.

Погледнете повеќе во видеото: 

Според информациите, од селото се веќе евакуирани некои постари жители и деца, а останатите се вклучени во гаснењето на пожарот.

На терен помагаат и екипи на словенечките и австриските пожарникари. 

Австриски пожарникари на пат кон пожарот кај село РобовоФотографија: Arbnora Memeti/DW

Нашата екипа претходно го посети и регионот на селото Робово, каде исто така беснееше пожар, но беше локализиран и сопрен со интервенција на хеликоптерите и австриските пожарникари.

Погледнете повеќе во видеото: 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми