Пустош по невремето на Халкидики, нема повредени Македонци
11 јули 2019Шест лица загинале, а најмалку 65 се повредени во бурата проследена со силни ветрови и пороен дожд која синоќа го зафати регионот на Халкидики и Северна Грција. Според грчките власти, 35 од повредените се хоспитализирани. Бурата рушела дрвја, превртувала автомобили и предизвикала голема материјална штета.
Двајца од загинатите ги загубиле животите откако ветрот го превртел нивното возило, додека две лица- мајка и нејзиното малолетно дете загинале откако врз нив паднал кров од ресторан. Преостанатите две жртви настрадале од паднати дрвја.
Во регионот е прогласена вонредна состојба. Денеска состојбата е мирна, а екипи работат на терен на санирање на штетите.
Според македонското Министерство за надворешни работи, во невремето нема настрадани македонски државјани.
Погледнете повеќе во видеото: