1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виктор Јушченко во Берлин, преговорите Хрватска ЕУ, Косово по предавањето на Рамуш Харадинај во Хаг

10 март 2005

Посетата на Украинскиот претседател Виктор Јушченко на Берлин е централна тема на коментари во германските весници, кои се занимаваат и со состојбата на Косово по заминувањето на Рамуш Харадинај во Хаг и неизвесниот почеток на преговорите за членство на Хрватска во Унијата

Герхард Шредер и Виктор Јушченко
Герхард Шредер и Виктор ЈушченкоФотографија: AP

„ Френкише таг„ за посетата на Јушченко на Берлин пишува:

„Виктор Јушченко од својот спорен претходник Леонид Кучма превзеде тежок товар. За да се ослободи од него тој сега бара помош. Претседателот на Украина најпрвин тропна на вратата во Берлин, бидејќи смета дека таму сигурно ќе наиде на поддршка, советодавна и на дело, бидејќи би било опасно на украинците да им се даваат само празни ветувања. Најдобро предупредување или најдобра лекција треба да биде фијаското во случајот Србија по уривањето на режимот на Милошевиќ„ пишува „ Френкише Таг„

„ Остзе Цајтунг„ на истата тема забележува:

„ Новата прореформска влада во Киев мора да ги помири продлабочените разлики помеѓу прозападните и проруските групи. Економијата, која ја контролираат неколку кланови мора да се модернизира, а криминалот и корупцијата да се запрат. Тоа е трнлив пат, дури и за една голема нација со длабоки европски корени. Добар совет за германската влада е да ја поддржи Украина на тој пат„ пишува „ Остзе Цајтунг„

„ Бадише Тагблат„ во својот коментар пишува за желбата на Јушченко, што е можно побргу да ја внесе Украина во ЕУ:

„ Јушченко својата држава во Германија ја претстави во најубави бои, констатира овој весник. Но развојот во насока на правна држава и демократија не е толку стабилен за да не може лесно да се пренасочи. Јушченко дури пред неколку недели положи заклетва. Она што е досега постигнато сеуште е недоволно за перспективите за прием во ЕУ. Друг проблем е големиот сосед Русија. Меѓутоа Шредер рече дека Германско Украинските односи не се насочени против никого. Со тоа мислеше на Русија. Приближувањето на Украина кон ЕУ може да се одвива само бавно и внимателно, истакнува„ Бадише Тагблат„

„ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ се занимава со предавањето на довчерашниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај на судот во Хаг.

„ Општиот мир кој владее на Косово по обвинението против поранешниот локален командант на ОВК секако е како резултат на тоа што обвинението против Харадинај не дојде одненадеж. За тоа се шпекулираше уште во Декември кога тој ја превзеде функцијата премиер на косовската влада во протекторатот на ОН. Покрај ова во интерес на мнозинството албански политичари е да се сочува мирот и редот, бидејќи годинава треба да биде донесена одлуката од страна на Советот за безбедност за почеток на преговорите за конечниот статус на покраината, која формално и натаму и припаѓа на Србија. Насилните демонстрации на ветераните на ОВК и нивните истомисленици и тоа непосредно пред годишнината од прогонот на србите и останатите малцинства во кои загинаа 20 лица, политичката елита на секој начин сака да го избегне„ закључува „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ кој во текстот не пропушта да спомене дека шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен, го нарече Харадинај како близок пријател и партнер

„ Зидојче Цајтунг„ пишува за неизвесниот почеток на преговорите за членство на Хрватска во ЕУ заради нерешениот случај со генералот Анте Готовина, кого судот во Хаг го бара за воени злосторства:

„ Само чудо може да го спаси терминот 17 Март за почеток на преговорите со Хрватска, бидејќи за една недела Загреб мора да го испорача во Хаг оној мрачен лик кој во војната на Балканот пред десет години, како што се претпоставува бил одговорен за убиство на 150 лица и протерување на 200.000 Срби. Европа веќе не сака да верува на тврдењето на властите во Загреб дека не знаат каде се крие Готовина. Бидејќи не само трибуналот во Хаг, туку и и повеќе тајни служби имаат информации дека Готовина се крие во БиХ каде доминираат Хрвати и таму шжива поддршка од највисоки кругови во Загреб, кој го крши она што одамна и го вети на Унијата, дека ќе го почитува меѓународниот закон и право. Доколку ЕУ сепак седне на преговарачка маса во Хрватска, тогаш би ги прекршила сопствените принципи„ нагласува „ Зидојче Цајтунг„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми