1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Вино од вселената

8 мај 2021

Вонземно вино за еден милион долари!

Frankreich Petrus Versteigerung eines Weltraum-Weins
Фотографија: Christophe Ena/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Аукциската куќа Кристи во Њујорк го става на аукција француското вино Петрус кое е навистина посебно - зрееше на Меѓународната вселенска станица ИСС. Проценетата цена е еден милион долари. Доколку навистина биде постигната, тоа ќе биде најскапото шише вино во светот.

Виното од бербата од 2000 година е едно од дванаесетте шишиња кои во јануари годинава се вратија на Земјата по 14 месеци поминати во вселената. Тестовите на Институтот за истражувања на виното на Универзитетот Бордо покажаа дека виното и во вселената останало со врвен квалитет, но неговата боја и некои мирисни ноти, како и вкусот, се малку променети.

Галактичкото вино не е дел од јавна аукција. Купувачот и цената, доколку тоа се посакува, може да останат тајна. Парите од аукцијата би требало да се влеат во финансирање на идни мисии во вселената кои се занимаваат со аграрни истражувања.

Вината Петрус се едни од најскапите во светот. Едно шише, по правило, чини повеќе илјади евра. Највисоката цена за шише вино од 0,75 литри е постигната во 2018 година. Тогаш на аукција во Сотби шише Романе-Конти од 1945 година постигна цена од 558.000 долари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми